На прво место

Филипче се врати од јахтата на Заев и настапува како да се вратил од друга планета

Македонска Нација

Македонска Нација

Венко Филипче, по одморот на јахтата на Зоран Заев, очигледно собра нови сили и веднаш продолжи со изјави, прес-конференции и партиски соопштенија. Настапува како да се вратил од друга планета, а не од одмор со човекот со кого седум години ја водеа Македонија кон национални понижувања, економска несигурност и институционално пропаѓање.

Филипче денес зборува како да не бил дел од власта на Зоран Заев. Како да заборавил што направија со државата, какви одлуки донесуваа и какви последици им оставија на граѓаните.

Но, Македонија памети.

Паметат граѓаните чие национално достоинство беше погазено со насилната промена на уставното име. Паметат како националните и историските прашања беа претворени во предмет на политички пазарења. Паметат дека по сите отстапки Македонија не стана членка на Европската Унија, туку доби нови услови, нови блокади и дополнителни притисоци врз македонскиот идентитет, јазик и историја.

Граѓаните ги паметат и економските последици од седумгодишното владеење на СДС. Јавниот долг беше речиси двојно зголемен во споредба со 2017 година, додека економскиот раст остана слаб. Задолжувањата растеа, а голем дел од ветените капитални проекти останаа само на хартија.

Наместо нови автопати, пруги, фабрики и енергетски капацитети, јавноста секојдневно слушаше за сомнителни тендери, непродуктивни трошења и корупциски афери. Институциите беа партизирани, довербата во правосудството беше урната, а криминалот и корупцијата станаа главна забелешка во речиси секој меѓународен извештај.

Во здравството, каде што Филипче беше министер, останаа неодговорени многу тешки прашања. Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 лица, не смее да се заборави. Не смеат да се заборават ниту сомнежите поврзани со набавките, тендерите и неуспешниот обид за набавка на вакцини преку посредничка компанија.

На ова треба да се додадат лошото справување со енергетската и економската криза, високата инфлација, затворањето компании, иселувањето на младите, хаосот со личните документи и чувството дека државата е заробена од тесни партиски и бизнис-интереси.

И по сето тоа, Филипче денес се обидува да се претстави како човек кој треба да ѝ објаснува на јавноста како се води државата.

Абе, Филипче, не ти стигаат ни сто години да направиш за Македонија толку колку што Христијан Мицкоски, како премиер на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, направи за само две години.

Од застој кон развој

Новата Влада наследи задолжена држава, празна буџетска каса, нефункционални институции и низа започнати, но заглавени проекти. За две години, Македонија повторно стана големо градилиште.

Интензивирана е изградбата на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, продолжија работите на автопатот Кичево–Охрид, а се подготвуваат и нови делници, меѓу кои Блаце–Скопје и Букојчани–Кичево. Паралелно се градат и реконструираат регионални и локални патишта низ целата држава.

За општините беа обезбедени стотици милиони евра за реализација на проекти што непосредно го подобруваат животот на граѓаните: водоводи, канализации, улици, училишта, градинки, спортски сали и други локални инфраструктурни објекти. Средства добија сите општини со подготвени проекти, без оглед на партиската припадност на градоначалниците.

Затворена е и финансиската конструкција за источниот дел од железничкиот Коридор 8, со обезбедени 149,2 милиони евра грант и 350 милиони евра кредитни средства. Со тоа Македонија добива можност конечно да го заврши железничкото поврзување што со децении беше само политичко ветување.

Истовремено, се работи на гасниот интерконектор со Грција, далноводот Битола–Елбасан и продуктоводот Солун–Скопје. Македонија постепено се позиционира како важна транспортна и енергетска крстосница на Балканот.

Економски раст и нови инвестиции

Економските резултати веќе се видливи. Во првиот квартал од 2026 година е остварен раст на бруто-домашниот производ од 3,2 проценти. Во 2025 година странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра.

Се отвораат нови фабрики, а постојните инвеститори ги прошируваат своите производствени капацитети. Најавени се нови инвестиции од Германија и САД, како и проекти во автомобилската, енергетската и технолошката индустрија. Тоа значи нови работни места, поголем извоз и долгорочен економски развој.

Владата обезбеди поволни кредитни средства за домашните компании, со каматна стапка од 1,95 проценти, со цел стопанството да инвестира во нова опрема, производство и вработувања.

Повисоки пензии и плати

За само две години пензиите беа линеарно зголемени за вкупно 7.000 денари. За семејство со двајца пензионери тоа значи дополнителни 14.000 денари месечно.

Платите во образованието започнаа да растат според повеќегодишен договор, со кој до 2028 година се предвидува вкупно зголемување од најмалку 46 проценти. Платите во здравството исто така беа зголемени, а започна и вработувањето на млади лекари и специјализанти.

Во земјоделството беа исплатени над 1,5 милијарди денари субвенции, со што се намалуваше наталожениот долг кон земјоделците и се враќаше довербата во системот на државна поддршка.

Се инвестира и во училиштата, студентските домови, здравствените установи, спортската инфраструктура и модернизацијата на Армијата. За две години се реализирани или започнати 60 спортски проекти, во вредност од над 21 милион евра.

Разликата ја гледаат граѓаните

Разликата е очигледна. СДС седум години произведуваше афери, поделби, национални отстапки и политички хаос. Владата на Христијан Мицкоски за две години отвори нов инвестициски и инфраструктурен циклус, ги зголеми пензиите и платите, обезбеди средства за општините и ја врати Македонија на патот на развојот.

Затоа Филипче може секојдневно да одржува прес-конференции и да испраќа соопштенија, но не може да го избрише сопственото политичко минато. Не може од јахтата на Заев да се врати како нов човек и да очекува граѓаните да заборават дека беше еден од најмоќните функционери во седумгодишната власт на СДС.

По седум години власт исполнети со национални отстапки, економско назадување, задолжување, корупциски афери и разорени институции, Филипче повторно дели лекции. Но фактите покажуваат дека Владата на Христијан Мицкоски за две години направи повеќе отколку СДС за целиот свој мандат.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top