На прво место

Владата нема намера да биде запаметена по изговори, туку по проекти

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, порача дека оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори, туку по работа, проекти и резултати што ќе останат зад неа.

Во месец април е забележан исклучително висок степен на реализација на проекти и силен раст во градежништвото.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека состојбата е речиси за една третина подобра во споредба со истиот месец минатата година.

Ова е доказ дека Владата ја насочува енергијата кон конкретни капитални инвестиции, а не кон празни ветувања. Фокусот е ставен на изградба и модернизација на автопати, експресни патишта, железничка инфраструктура, училишта, болници, како и на инвестиции што треба да донесат нови работни места и подобар животен стандард.

Активностите на Владата се гледаат преку повеќе области: инфраструктурни проекти што ги поврзуваат регионите, реконструкција и изградба на локални патишта, енергетиката, вложувања во образованието преку подобри услови за учениците, поддршка за здравствени установи, како и создавање услови за домашни и странски инвестиции.

Пораката на премиерот е дека државата не може да оди напред со оправдувања, туку со работа на терен, со реализација на ветеното и со проекти што граѓаните ќе ги видат и ќе ги користат.

„Сакаме да бидеме запаметени по проекти, по автопати, експресни патишта, железници, училишта, болници и инвестиции што ќе останат позади нас. Тоа е нашиот одговор на сите оние кои со години само ветуваа.

Продолжуваме со работа, продолжуваме со капитални инвестиции и продолжуваме да градиме држава што ќе се движи напред“, порача Мицкоски.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top