На прво место

Коњаницата свечено пречекана во Староец, доби благодарница за долгогодишното учество во маршот

Коњаниците од Коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ денес беа свечено и срдечно пречекани во црквата „Св. Јован Крстител“ во кичевското село Староец.

Во знак на признание за нивната истрајност и за долгогодишното минување низ Староец на патот кон славното Крушево, на коњаницата ѝ беше врачена благодарница. Ова признание претставува благодарност за негувањето на илинденските традиции и за зачувувањето на споменот на македонските револуционери и нивната борба за слободна Македонија.

Прекрасните домаќини од Староец им приредија топло добредојде на коњаниците и обезбедија кратко освежување и одмор пред продолжувањето на маршот.

По средбата исполнета со почит, братство и македонски патриотски дух, коњаницата го продолжи патот кон Вранештица. Оттаму таа ќе продолжи по патеките на илинденците кон својата крајна цел – Мечкин Камен во Крушево, каде што ќе се поклони пред жртвата на хероите од 1903 година.

Овој пречек уште еднаш потврди дека „Патот на Црешовото Топче“ не е само коњички марш, туку жив завет што ги поврзува македонските села, храмови и поколенија во почитта кон Илинден и Македонија.

Најново од: На прво место

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

To top