На прво место Дијаспора

„Македонци“ Том 2 првпат пред дијаспората во Виена

Ацо Македон Крстески

Ацо Македон Крстески

По успехот на првиот том, Виена ќе биде домаќин на првата меѓународна промоција на „Македонци – Сведоштва за идентитетското име и јазикот“ Том 2

Авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни на 21 јуни во Виена ќе ги претстави новите документи и историски сведоштва за македонското име, идентитет и јазик.

По големиот интерес што го предизвика книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“, дело кое беше препознаено од Македонците ширум светот и доживеа повеќе изданија, пред јавноста излегува нејзиното долгоочекувано продолжение.

Авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни во новото издание претставува нови историски сведоштва, документи, матични книги, лични исправи и архивски извори кои сведочат за македонското име, идентитет и јазик низ вековите.

Со особена чест се најавува дека Виена ќе биде првиот град надвор од Македонија во кој ќе биде претставен вториот том на ова значајно документарно дело.

Промоција на книгата

21 јуни 2026 година (недела)
12:00 часот (по светата литургија)
Македонска православна црква „Св. Наум Охридски“ – Виена
Siemensstraße 26, 1210 Wien, Österreich

На промоцијата ќе се обрати авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни, кој ќе ги претстави новите историски сознанија и документарни сведоштва содржани во вториот том.

Настанот се реализира со поддршка на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА, при што накратко ќе биде претставена и нејзината мисија за зачувување, афирмација и поврзување на македонското историско, културно и духовно наследство.

Организаторите ги покануваат сите добронамерници, истражувачи, љубители на историјата и сите што имаат интерес за македонската историска вистина да бидат дел од овој значаен настан.

Историската вистина најсилно зборува кога е поткрепена со документи.

Најново од: На прво место Дијаспора

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

To top