На прво место

Македонија е АМАНЕТ, Македонија е ЗАВЕТ

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

МАКЕДОНСКИ АМАНЕТ!

Македонија е аманет, завет што се пренесува од колено на колено.

Македонскиот аманет е наследство оставено од илинденците, од асномците, од борците за национална слобода и државност, од сите оние што верувале дека Македонија заслужува да биде слободна, достоинствена и своја.

Да се биде чувар на Македонскиот аманет значи да се носи одговорност кон минатото, но и кон иднината. Да се чува споменот на жртвите кои ја вградија својата судбина во темелите на македонската држава.

Да се биде достоен наследник на нивната борба. Да не се дозволи нивната жртва да биде заборавена или обезвреднета.

Нашата генерација нема право на рамнодушност. Нема право на заборав. Нема право да ја предаде Македонија што ни е доверена од предците и што треба да ја чуваме и да им ја оставиме на идните поколенија.

Затоа Македонскиот аманет не е само минато. Македонскиот аманет е сегашност и иднина. Македонскиот аманет е чувство на припадност. Македонскиот аманет е одговорност. Тоа е чувство кое живее во срцето на секој Македонец што ја сака својата татковина. Тоа е верба дека Македонија може и мора да биде посилна, поправедна и поуспешна.

Денес, повеќе од кога било, потребни се единство, одлучност и непоколеблива верност кон идеалите што нѐ одржале низ вековите. Потребни се луѓе кои се подготвени да го дадат најдоброто од себе за Македонија, ставајќи ги државните и националните интереси над личните амбиции, над политичките пресметки и над дневните поделби.

Само така ќе покажеме дека сме достојни наследници на оние кои се бореле, страдале и ги положиле своите животи за Македонија. Зашто Македонија не е обична држава. Македонија е наш дом, наш идентитет и наш завет.

А Македонскиот аманет е наследство што не смее да се предаде, туку достоинствено да се чува и да се пренесе на генерациите што доаѓаат.

Како вечен потсетник на македонскиот идентитет и љубовта кон татковината, на надгробниот споменик на Ѓорѓија Пулевски стојат врежани зборовите: „Роден Македонец, умрел Македонец за Македонија“, завет што и денес одекнува низ генерациите Македонци.

Македонија е АМАНЕТ.

Македонија е ЗАВЕТ.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top