На прво место

Македонска нација со честитка по повод 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј

Македонска Нација

Порталот „Македонска нација“ на сите граѓани им го честита 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Нивното велико дело претставува темел на словенската писменост, духовност и култура. Со создавањето на глаголицата тие го отворија патот кон образованието, писменоста и зачувувањето на јазикот и идентитетот на словенските народи.

Светите Кирил и Методиј оставија непроценливо наследство кое и денес живее преку македонскиот јазик, кирилицата и духовните вредности што нè обединуваат како народ.

На овој голем празник да се потсетиме на значењето на знаењето, образованието, традицијата и почитта кон сопствените корени. Да го чуваме македонскиот јазик, културата и духовното наследство што ни го оставиле нашите просветители.

Нека е честит и вечен 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј.

Најново од: На прво место

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот, златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото поранешно раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

Зошто Филипче и СДС се плашат од предвремени избори?

Ако навистина веруваат дека Владата не работи и дека имаат подобри решенија, нека побараат избори и нека излезат пред граѓаните СДС и Венко Филипче секојдневно ја убедуваат јавноста дека Владата не работи, економијата стагнира, а Македонија не напредува на ниту едно поле. Но кога премиерот Христијан Мицкоски им понуди можност овие тврдења да ги проверат […]

Македонски историски календар – 22 август

На 22 август 1919 година било издадено полномоштво со кое Димитар Наумов бил овластен да ја претставува ВМРО на Париската мировна конференција. Македонските дејци настојувале пред претставниците на големите сили да го постават нерешеното македонско прашање и да предупредат на последиците од поделбата на Македонија. Нивните барања за почитување на правото на македонскиот народ на […]

Двојните стандарди на СДС: гласни за водата во Гостивар, неми за 14-те жртви во Тетово

Кога одговорноста треба да ја понесе некој од редовите на СДС, настапува молк. Кога постои можност вината да се префрли врз Владата, веднаш почнува секојдневна кампања со обвинувања и соопштенија Двојните стандарди на СДС најјасно се гледаат во нивниот однос кон две тешки трагедии што го потресоа полошкиот регион – пожарот во модуларната болница во […]

Големите сили против Илинденското Востание

На 21 август 1903 година, додека Илинденското востание сè уште траело, османлискиот амбасадор во Санкт Петербург ја известил Високата порта дека руската влада го поддржува преземањето строги мерки против македонските востаници. По добивањето на оваа вест, султанот Абдул Хамид II наредил на руската дипломатија да ѝ биде изразена благодарност за поддршката што ја дала во […]

Македонски историски календар – 21 август

На 21 август низ македонската историја се забележани настани поврзани со Илинденското востание, страдањата на населението во Костурско и одбраната на македонската револуционерна кауза. 21 август 1903 – голема османлиска офанзива во Костурско На 21 август 1903 година околу 15.000 османлиски војници од три страни навлегле во Костурско со цел да го задушат Илинденското востание. […]

Филипче се врати од јахтата на Заев и настапува како да се вратил од друга планета

Венко Филипче, по одморот на јахтата на Зоран Заев, очигледно собра нови сили и веднаш продолжи со изјави, прес-конференции и партиски соопштенија. Настапува како да се вратил од друга планета, а не од одмор со човекот со кого седум години ја водеа Македонија кон национални понижувања, економска несигурност и институционално пропаѓање. Филипче денес зборува како […]

Филипче се врати од одмор на Јахта со Заев, но продолжи со обвинувања

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Владата ја решила кризата со водата во Гостивар, ги зголемила платите и пензиите, го намалила јавниот долг и ја свела инфлацијата на 2,3 проценти. Филипче, велат од партијата, доколку верува во поддршката од граѓаните, треба да повика на избори. Венко Филипче се врати од Паљури, каде што, според ВМРО-ДПМНЕ, престојувал на […]

To top