На прво место

Македонски историски календар: 1 август – предилинденскиот повик, храброста и жртвата за Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

На 1 август, се навршуваат годишнини од повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Денот особено останува запаметен по последните подготовки за Илинденското востание и по херојската смрт на војводата Јордан Пиперката.

На 1 август 1857 година, во костурското село Загоричани, во Егејскиот дел на Македонија, е роден Анастас Јанков – македонски револуционер, офицер и учесник во борбите за ослободување на Македонија.

Јанков бил еден од истакнатите македонски дејци на преминот меѓу XIX и XX век. Учествувал во Горноџумајското востание од 1902 година, а неговото име останало поврзано со македонското револуционерно движење и борбата против османлиската власт.

На 1 август 1893 година, во Ениџе Вардар е роден д-р Трифун Грековски – лекар, општественик и македонски деец.

Медицинското образование го завршил во Женева, а по враќањето се посветил на лекарската професија и на борбата за националните права на македонскиот народ. Бил меѓу македонските интелектуалци што се залагале за обединета и самостојна Македонија.

На 1 август 1903 година низ повеќе реони на Македонија биле извршувани последните подготовки за почетокот на Илинденското востание.

Во селото Болно, Ресенско, се собрале вооружени селани од Царев Двор, Дрмени и Јанковец. Заедно со четата на војводата Славејко Арсов биле собрани околу 400 востаници, од кои 150 биле определени за планираниот напад врз Ресен.

Истата вечер на востаниците им било соопштено дека започнува долгоочекуваната борба за слобода.

Во Крушевско, под раководство на Никола Карев и Горскиот штаб, биле довршувани подготовките за нападот и ослободувањето на Крушево. Биле распоредени востаничките чети, определени нивните задачи и утврдени правците за навлегување во градот.

На 1 август 1903 година четата на војводата Никола Пушкаров извршила диверзија на железничката пруга кај селото Новачани, Скопско.

Со експлозив бил оштетен дел од пругата, со што востаниците се обиделе да го отежнат движењето и снабдувањето на османлиските сили. Акцијата била дел од поширокиот план за попречување на османлиската војска во пресрет на востанието.

На 1 август 1903 година, само еден ден пред почетокот на Илинденското востание, во Церско Поле загинал легендарниот македонски војвода Јордан Силјанов – Пиперката.

Неговата чета паднала во заседа на османлиската војска. Во нерамноправната борба Пиперката бил тешко ранет. Не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот, последниот куршум го испукал во себе.

Јордан Пиперката бил учесник на Смилевскиот конгрес и еден од најхрабрите и најомилените македонски војводи. Неговата смрт, непосредно пред востанието, била тешка загуба за македонското револуционерно дело.

На 1 август 1910 година, во Софија починал Владимир Ковачев – македонски револуционер, учител и поет од Штип.

Бил близок соборец на Гоце Делчев и деец на Македонската револуционерна организација. Заедно со Христо Силјанов ја објавил поетската збирка „Тагите на робот“, исполнета со родољубиви и револуционерни песни за страдањата и борбата на македонскиот народ.

На 1 август 1911 година, во борба со османлиската војска во близина на родното село Дабиље, Струмичко, загинал Костадин Самарџиев–Џемото.

Самарџиев бил струмички деец на Македонската револуционерна организација, учител, четник и раководител на Струмичкиот окружен револуционерен комитет. Целиот живот го посветил на организирањето на народот и на борбата за слободна Македонија.

На 1 август 1935 година, во Варна починал Михаил Николов Розов – Мишето, македонски револуционер, учител и деец на Македонската револуционерна организација.

Роден во костурското село Бобишта, Розов бил еден од организаторите на револуционерното движење во Костурско. Учествувал во подготовките и борбите за време на Илинденското востание, а подоцна ги запишал своите спомени за револуционерното дело.

На 1 август 1968 година, во Брела, кај Макарска, ненадејно починал Мито Хаџивасилев–Јасмин – македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, публицист, политичар и државник.

Бил еден од втемелувачите на современото македонско новинарство и публицистика, познат како „првото перо“ на македонското новинарство. Извршувал повеќе одговорни државни функции и оставил значајно публицистичко наследство во одбраната на македонската национална посебност.

Ознаки: Македонски историски календар, 1 август, Илинденско востание, Јордан Пиперката, Анастас Јанков, Трифун Грековски, Никола Пушкаров, Владимир Ковачев, Костадин Самарџиев–Џемото, Мито Хаџивасилев–Јасмин

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top