На прво место

Мицкоски и Ердоган потврдија стратешко партнерство: Нов импулс за економска соработка и инвестиции

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат економската и стратешката соработка

На билатералната средба беше потврдена поддршката за нови инвестиции, поголема трговска размена и зајакнување на односите во повеќе области од заемен интерес

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи меѓу Македонија и Турција, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.

Во фокусот на разговорите беа можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции. Соговорниците разговараа и за унапредување на партнерството во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.

Мицкоски ја нагласи важноста на Турција како еден од најзначајните економски и политички партнери на Македонија, посочувајќи дека Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина која ќе поттикне нови турски инвестиции, економски раст и отворање нови работни места.

Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамките на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици. Притоа беше истакната потребата од зачувување на стабилноста, продлабочување на соработката и поттикнување на економскиот развој како предуслов за напредокот на регионот.

Двајцата државници изразија уверување дека односите меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се развиваат со засилена динамика и во иднина, создавајќи нови можности за економска, политичка и стратешка соработка меѓу двете пријателски држави.

Најново од: На прво место

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ: ТОДОР ПЕТРОВ ГО КРЕНА ПРВОТО ДРЖАВНО ЗНАМЕ СО ШЕСНАЕСЕТЗРАЧНОТО СОНЦЕ ОД КУТЛЕШ

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ: ТОДОР ПЕТРОВ ГО КРЕНА ПРВОТО ДРЖАВНО ЗНАМЕ СО ШЕСНАЕСЕТЗРАЧНОТО СОНЦЕ ОД КУТЛЕШ Свечена седница, историски сведоштва и изложба во Собранието на Македонија по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав на суверена и самостојна држава Македонија.** **СКОПЈЕ, 17 ноември 2026 година** – Со свечена седница во Собранието на Македонија беа […]

18 ноември 1944 – Ослободен е Гостивар

На 18 ноември 1944 година, во попладневните часови, Петнаесеттата македонска бригада на 48. дивизија прва влегла во Гостивар. Градот бил ослободен истиот ден, во завршните операции на Народноослободителната војска на Македонија во западниот дел на земјата. На ослободувањето на Гостивар му претходеле тридневни борби во Кичевско. Од 15 до 17 ноември, на потегот од Кичево […]

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

To top