На прво место

Мицкоски „призна“: Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за прославите платија нула денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку средства од државниот буџет биле потрошени за целокупната едномесечна програма по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Од настапот на Стив Аоки, преку музичките програми и настапите во повеќе градови низ земјата, па сè до завршниот концерт на Дејвид Гета во Скопје – Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари.

– Имам лоша вест за сите оние што шпекулираа, клеветеа и пласираа лажни информации. Сакав секој настан во градовите низ земјата да биде посебен момент за граѓаните. Сите овие настани го чинеа буџетот нула денари. И граѓаните и буџетот сето ова ги чинеше нула денари. Слободно проверете на „Отворени финансии“ и ќе видите дека граѓаните не платиле ништо. Сè е организирано од општествено одговорни компании – истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот нагласи дека жали што кај одредени поединци „Фројд работи“, односно што мислат дека и другите би постапувале онака како што тие постапувале.

– Ова е домаќинска и промакедонска Влада, која се грижи за граѓаните. Ова е пронародна Влада во која секој денар од буџетските средства се троши транспарентно – порача Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија покажала оти знае, може и умее да организира настани од светски ранг токму овде, во сопствената држава.

Најново од: На прво место

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

Најнови вести

To top