На прво место

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „Стрип центар – Стрипот може“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност

ЈОШАНИЧКА БАЊА – РАШКА – Од 9 до 13 јули, Јошаничка Бања ќе биде епицентар на регионалната стрип-сцена. Годинава традиционалната, 14. Меѓународна стрип-колонија во Рашка прераснува во нов и проширен формат, како дел од првиот Фестивал на стрип „Инкубатор“.

Оваа престижна уметничка манифестација, која со години ги поврзува младите таленти со искусни автори од повеќе земји, нуди богата петдневна програма исполнета со работилници, промоции, изложби и стручни предавања.

Како што информира Томе Трајков, македонската стрип-сцена и годинава го продолжува своето традиционално учество на оваа манифестација, кое датира од 2015 година.

Официјален организатор на македонската екипа за ова издание е групацијата „Стрип центар – Стрипот може“, со седиште во Велес, чиј претседател е Трајков.

Македонија ќе ја претставува исклучително млада и перспективна екипа од Скопје, составена од студентката Ангела Петрушевска и средношколците Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски.

За трите млади македонски надежи учеството на фестивалот ќе претставува бесценето искуство и значаен поттик за нивниот понатамошен уметнички развој. Тие ќе имаат единствена можност непосредно да творат, да разменуваат искуства и да учат од докажани авторитети во деветтата уметност.

Овогодишната фестивалска програма е исклучително атрактивна и за учесниците и за публиката. Списокот на едукатори и еминентни предавачи е дополнет и со познатиот професор Владимир Весовиќ од Белград, кој со децении посветено ја негува новата генерација стрип-автори на Балканот.

Програма на фестивалот

9 јули, четврток
Свечено отворање во 20:30 часот, проследено со промоција на деветтиот број на реномираната стрип-ревија „Rascomic“, чиј уредник е Горан Трајковиќ.

10 јули, петок
Интензивни стрип-работилници предводени од познатите илустратори Љиљана Стризе Трајковиќ од Врање, Драган Стокиќ Рајачки од Заечар и Дарко Стојановиќ од Белград.

11 јули, сабота
Централна изложба во Бањскиот комплекс и промоција на стрипот „Skupljači perja rano lete“, по што ќе следува голем славенички концерт на познатиот рапер Вуду Попај, кој одбележува 30 години творештво на музичката сцена.

12 јули, недела
Ексклузивно стручно предавање на светски познатиот илустратор и визуелен уметник Бобан Савиќ Гето.

Настанот е поддржан од Општина Рашка, Центарот за култура „Градац“, Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“ и Канцеларијата за млади.

Делата што младите македонски автори ќе ги создадат за време на колонијата традиционално ќе бидат презентирани пред регионалната јавност. Со тоа уште еднаш ќе биде потврден силниот креативен мост што ги поврзува младите уметници од Македонија и од другите земји на Балканот.

 

Најново од: На прво место

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

To top