На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината.

Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме

Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе биде градоначалник на сите жители, со посветена и транспарентна работа.

Со пораки за обединување, поддршка за Стојанчо Радичевски и претставување на проекти за развој на општината, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг во Милетино во пресрет на предвремените локални избори за градоначалник на Брвеница, закажани за 18 октомври.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека заедништвото и поддршката од граѓаните се основа за изборна победа.

„Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија се обединиме, како што ова можам вечерва пред мене да го видам, ова обединување, оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека Радичевски ја има неговата лична поддршка, како и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Тоа што некои мислат дека е невозможно е возможно и победуваме на 18-ти октомври. Јасен е профилот и јасна е конкуренцијата на овие предвремени локални избори и јасен е победникот на овие предвремени локални избори. Стојанчо ја има мојата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори“, порача Мицкоски.

Радичевски: Градоначалникот мора да биде градоначалник на сите жители

Кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски пред присутните ја претстави својата визија за Брвеница и дел од проектите предвидени во програмата. Тој најави продолжување на посветената и транспарентна работа во интерес на граѓаните.

„Оваа кампања ја започнувам со почит, со достоинство и со човечност. Во изминатиот период бевме сведоци дека проектите се работеа јавно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Ветувам дека тоа е темпото кое јас ќе го продолжам“, рече Радичевски.

Тој нагласи дека иднината на општината е заедничка одговорност и дека односот кон жителите не смее да зависи од нивната политичка определба.

„Брвеница е наша и заедничка. Нејзината иднина не смее да зависи од тоа кој за кого гласал. Градоначалникот мора да биде градоначалник на сите жители, на оној што гласал за него, но и на оној што не гласал, на оној што има партиска книшка, но и на оној што нема. Затоа што по изборите остануваме соседи, остануваме пријатели, остануваме една заедница“, порача Радичевски.

Според него, соработката меѓу локалната и централната власт е неопходна за остварување конкретни резултати за граѓаните.

Водоснабдување, инвестиции и поддршка за младите

Радичевски истакна дека програмата содржи конкретни проекти и рокови, а дел од предвидените зафати веќе се во реализација. Меѓу приоритетите ги наведе доизградбата и реконструкцијата на општинската зграда, изградбата на систем за водоснабдување во Челопек и развојот на инфраструктурата во индустриската зона Брвеница.

Целта, како што посочи, е привлекување нови инвестиции, отворање работни места и создавање услови младите својата иднина да ја градат во општината.

За поддршка на младите и локалната економија најави локален иновациски фонд „Млади со идеи“, бизнис-инкубатор „Мој бизнис, моја општина“, Центар за знаење и практични вештини, како и програми за женско претприемништво и рурален развој.

„Младите не само што се иднина на Брвеница, младите се нејзината сегашност и нивните идеи мора да добијат шанса“, истакна Радичевски.

Градинки, дом за стари лица и подобри услови во училиштата

Во програмата, според Радичевски, се предвидени и проекти за најмладите и највозрасните жители. Тој ја посочи новата детска градинка во Челопек како проект во фаза на реализација, а најави и доградба на градинката во Брвеница.

Меѓу најавените проекти е и отворање дом за стари лица со капацитет до 50 корисници, како и инвестиции во енергетската ефикасност на училиштата и подобрување на нивната пристапност за децата со посебни потреби.

Од митингот во Милетино, Радичевски порача дека развојот на Брвеница ќе го темели на соработка, транспарентност и работа за целата заедница.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top