На прво место

Во ТИРЗ Тетово пристигнува нов инвеститор

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека компанијата „Џаво Аутомотив“ ќе инвестира околу 20 милиони евра во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, при што ќе бидат отворени до 412 нови работни места.

Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово добива нов инвеститор, откако претходно пропадна еден од најавуваните проекти на тогашната власт предводена од СДС и ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека компанијата „Џаво Аутомотив“ ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места.

Станува збор за глобална компанија од автомобилската индустрија со повеќе од четири децении искуство, која во Тетово ќе произведува автомобилски компоненти за светски познати производители. Според најавите, кога фабриката ќе работи со полн капацитет, годишниот извоз ќе достигнува околу 45 милиони евра.

Новата инвестиција доаѓа на локација која во изминатите години беше симбол на едно големо неисполнето ветување. Во август 2022 година, тогашниот прв вицепремиер Артан Груби и лидерот на ДУИ Али Ахмети свечено поставија камен-темелник на фабриката „Некст е.Го мобиле“, која требаше да произведува електрични автомобили во ТИРЗ Тетово.

Тогаш беа најавени инвестиција од 130 милиони евра и околу 900 нови работни места. Проектот беше претставуван како историска шанса за регионот и за македонската автомобилска индустрија. Според најавите, првите електрични автомобили требаше да излезат од производствените линии во 2024 година.

Но наместо фабрика и нови работни места, остана само поставениот камен-темелник. Германската матична компанија поднесе барање за несолвентност, а во 2024 година Дирекцијата на ТИРЗ го прекина договорот и сите постапки поврзани со државната помош за проектот.

Од ТИРЗ тогаш соопштија дека кон инвеститорот не биле исплатени државни средства, но проектот никогаш не беше реализиран, иако со месеци беше користен како пример за наводен економски развој.

Денес, наместо нови ветувања и спектакуларни најави, во ТИРЗ Тетово пристигнува конкретна инвестиција со јасен план за производство, извоз и нови вработувања. Останува да се види динамиката на реализацијата, но за разлика од претходниот проект, оваа инвестиција веќе влегува во фаза на практична имплементација.

За Тетово и Полошкиот регион тоа значи нова можност за економски развој, отворање работни места и дополнително зајакнување на индустриското производство во Македонија.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top