Тема: меѓународни односи

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

Мицкоски: Со протекување на дипломатска нота во Бугарија е загрозена безбедноста на моето семејство

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО за сериозен дипломатски преседан во Бугарија, откако на социјалните мрежи била објавена заштитена дипломатска нота која, според него, ја загрозила безбедноста на неговото семејство. Како што пренесе 4news.mk, станува збор за официјален документ што македонската амбасада во Софија го испратила до бугарското Министерство за внатрешни […]

Мицкоски: Огромен дипломатски успех – Македонија со 174 гласа избрана во ЕКОСОК

Македонија оствари значаен дипломатски успех откако беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година, со поддршка од 174 држави членки. Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени одлуката како историски момент за државата и македонската дипломатија, истакнувајќи дека за првпат од осамостојувањето Македонија е избрана во едно од […]

To top