На прво место

Мицкоски: Со протекување на дипломатска нота во Бугарија е загрозена безбедноста на моето семејство

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО за сериозен дипломатски преседан во Бугарија, откако на социјалните мрежи била објавена заштитена дипломатска нота која, според него, ја загрозила безбедноста на неговото семејство.

Како што пренесе 4news.mk, станува збор за официјален документ што македонската амбасада во Софија го испратила до бугарското Министерство за внатрешни работи на 6 јануари 2026 година. Во нотата биле содржани детали за приватното тридневно патување на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, и нивниот помал син Антонио во зимскиот центар Пампорово.

Иако документот објавен на Фејсбук бил делумно редактиран, во него, според Мицкоски, останале видливи чувствителни безбедносни информации, меѓу кои службените возила, имињата на патниците, вооружувањето на обезбедувањето и радиофреквенцијата што ја користеле припадниците на придружбата.

По објавувањето на документот, на одредени пробугарски блогови била покрената медиумска кампања проследена со говор на омраза и содржини генерирани со вештачка интелигенција.

„Сигналите кои доаѓаат оттаму не ме прават оптимист. Сметам дека состојбата се радикализира. Вчера видовме еден преседан во дипломатијата, нешто што е невообичаена пракса во светот и можеби единствен случај од ваков вид. Замислете ние да ги објавуваме сите дипломатски ноти од нашиот источен сосед кои би биле интересни за јавноста“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека за случајот ги информирал партнерите во НАТО, имајќи предвид дека Македонија е земја-членка на Алијансата, и јавно им се извинил на сопругата и синот за непријатностите на кои биле изложени.

Мицкоски оцени дека пораките што пристигнуваат од Софија укажуваат на радикализација на одредени позиции во Бугарија, но порача дека ваквите, како што ги нарече, „аматерски потези“ нема да ја одвлечат Владата од нејзините приоритети, пред сè економските реформи и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top