На Табановце почна санкционирањето странски возачи за прекршоци регистрирани од „Безбеден град“
Од денеска, при излез од Македонија преку граничниот премин Табановце, се постапува и со возачите на возила со странски регистарски таблички за кои системот претходно регистрирал сообраќаен прекршок на територијата на државата. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок, по што им се издава записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог. […]