На прво место

На Табановце почна санкционирањето странски возачи за прекршоци регистрирани од „Безбеден град“

Од денеска, при излез од Македонија преку граничниот премин Табановце, се постапува и со возачите на возила со странски регистарски таблички за кои системот претходно регистрирал сообраќаен прекршок на територијата на државата.

На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок, по што им се издава записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог. Казната можат да ја подмират во согласност со законската постапка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат активности за непречено спроведување на постапката, како и за намалување на задржувањето на патниците на граничниот премин.

Според МВР, со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед на тоа дали станува збор за возила со домашни или со странски регистарски таблички.

Примената на системот „Безбеден град“ за возилата со странски таблички постепено треба да биде проширена и на другите гранични премини во Македонија.

Најново од: На прво место

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Мицкоски од САД: Антимонот може да ја зголеми стратешката важност на Македонија и економскиот стандард

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, го истакна потенцијалот на антимонот во Македонија, минерал кој има големо стратешко значење, особено за одбранбената индустрија. Според Мицкоски, реализацијата на проектот може да ја зголеми важноста на Македонија како партнер, но и да придонесе за економскиот развој и животниот стандард на граѓаните. „Антимон […]

16-veterani 22

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба. Но, се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев, со него во Владата, го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси? Одговорот е многу едноставен. Како министер, Филипче […]

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на работната посета на Соединетите Американски Држави оствари значајна средба со Каролајн Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

35 години се доволни и премногу за ваквата „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија

Наум Стоилковски Јубилеи не секогаш повикуваат само убави работи од меморијата, туку микс од преживеаното, па и од она што оставило рана, направило краста, белег, и не оформило во животот како искуство. Полнолетството ми започна летото таа ’91 година, среде кампањата за Референдум, а студентскиот стандард во рамки на криминалната транзиција, што пак како генерација […]

To top