Германските туристи најмногу заштедуваат во Македонија – сместувањето и угостителството поевтини за 52%
Македонија се наоѓа на врвот на листата на најповолни туристички дестинации за германските граѓани, покажуваат најновите анализи за споредба на трошоците за патување и престој во европските земји. Според податоците, германските туристи токму во Македонија можат да остварат најголема заштеда, бидејќи цените за сместување, ресторани, кафулиња и други угостителски услуги се во просек за 52 […]