На прво место

ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ

ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

4 април 2017 година, Велес, Македонија

– Вчера во Велес се одржа конститутивна седница на Македонскиот национален фронт кој претставува сојуз на македонските патриотски здруженија. Сојузот е формиран од 24 македонски патриотски здруженија:

МПЗ Пере Тошев Прилеп,

МПЗ Андон Ќосето Велес,

МПЗ Тодор Александров Битола-Скопје,

МПЗ Васил Чакаларов Тетово,

МПЗ Владо Черноземски Куманово,

МПЗ Непокор Струга,

МПЗ Славчо Абазов Кочани,

МПЗ Апостол Терезиев Гевгелија,

МПЗ Лазар Поп Трајков Градско,

МПЗ Димитрија Чуповски Чашка,

МПЗ Мише Развигоров Штип,

МПЗ Дамјан Груев Делчево,

МПЗ Илинден 1903 Крушево,

МПЗ Непокор Струга,

МПЗ Јане Сандански Ново Село,

МПЗ Методиј Патчев Охрид,

МПЗ Христо Татарчев Ресен,

МПЗ Славчо Абазов Кочани,

МПЗ Ангел Винички Виница,

МПЗ Атанас Бабата Пробиштип,

МПЗ Никола Карев Чешиново Облешево,

МПЗ Коста Мазнејков Струмица,

Здружение на воени инвалиди 2001 Велес, и БЕДЕМ.

На состанокот од поканети 24 македонски патриотски здруженија, секое претставено со делегација од по четворица члена. Од оправдани причини отсуствуваа 3 македонски патриотски здруженија.

Управата на Македонскиот Национален Фронт ја сочинуваат сите претседатели на македонските патриотски здружнија, кои се заветија дека заедно ќе ги носат одлуките и акциите што ќе ги организираат.

Македонските патриотски здруженија на собранието потпишаа Повелба за соработка.

– Повелбата за соработка на македонските патриотски здруженија во Македонија во Македонскиот национален фронт е со цел заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија! Идејата за оваа Повелбата е да бидеме што подобро организирани како здруженија, да си помагаме едни со други во исполнување на нашите цели и задачи, да го продолжиме аманетот на оние историски личности од Македонија кои го положиле својот живот за слободна и независна Македонија. Народот денес повторно се крена и повторно сам се органзира, исто како во 1903 и во 1944 година. Свеста кај Македонецот проработува повторно, бидејќи државата е во опасност од некои центри и структури коишто сакаат да и’ ја свиткаат кичмата на нацијата. Ја информираме јавноста дека стоиме на браникот на татковината и сме подготвени со сите средства да ја браниме Република Македонија како единствена матична држава на Македонците. Обединети сме посилни и може со успех да придонесеме во зачувувањето на нашата убава држава Македонија! – изјави еден од иницијаторите на Македонскиот национален фронт, Јане Ченто.

Во прилог Ви ја пренесуваме Повелбата за соработка меѓу македонските патриотски здруженија во Македонскиот анционален фронт.

Повелба за стратешка соработка за заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија

(1) Истакнувајќи ја неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата, се обврзуваме дека грижата за нив се наш заеднички највисок приоритет и определба.

(2) Реафирмирајќи ги решенијата од Уставот на Република Македонија од 1991 година содржани во уставите на сите современи држави кои содржат референца на мнозинскиот народ и историски континуитет, со гарантирана положба на националните малцинства како неопходен модел за градење и развивање на стабилни меѓуетнички односи, соживот и толеранција, ги истакнуваме како темелен услов за мирот, стабилноста и демократскиот развој на Република Македонија.

(3) Загрижени за иднината на нашата земја, а вознемирени од актуелната криза во која е заглавена земјата, се определивме да го дигнеме гласот и да го повикаме народот да го проблематизира начинот на којшто се донесуваат одлуките поврзани со виталните национални и државни интереси, што треба да бидат донесени во Македонија, без меѓународна арбитража со политичко единство како најсилна брана против секаква внатрешна или надворешна закана, а не како инструмент на внатрешни делби и поделби меѓу Македонците.

(4) Сметаме дека прашањето за опстанокот и просперитетот на државата не е само работа на политиката и институциите на власта, туку, пред се витален интерес на народот, кој е активен субјект и гарант на заштитата на националните и државните интереси.

(5) Здружени сме околу настојувањето да се почитува мислењето на народот јасно искажано на отворена сцена, не дозволуваме да се доведе во опасност концептот на унитарна држава којшто подразбираа: Единство на Македонската нација, неделивост и неотуѓивост на територијата на државата Македонија, неповредливост на границата и Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Определени сме за единство во организацијата на една државна власт на целата територија на Македонија. Отфламе дезинтеграција на Македонија со федерализација и кантонизација, отфрламе територијални автономии. Обединети сме за неменување на името – Република Македонија и бараме спроведување на попис на населението.

(6) Свесни дека во актуелната криза повеќе нема простор за грешки и дека најголемата би била ако дозволиме рушење на државата, дека сега е моментот да го осигуриме опстанокот и просперитетот на народот и државата и дека тоа може да го направиме само со прифаќање на оваа Повелба за соработка со којашто се обврзуваме пред народот дека никој нема да ги руши основите на државноста и унитарноста, без оглед кој победува на избори или преговара со партија на македонските Албанци за состав на новата постизборна влада.

(7) Констатираме дека проблемите не можеме и не смееме да ги бараме на друго место, во етничките заедници, во меѓународната заедница, кај соседите или кој знае каде. Сметаме дека проблемите се наши и меѓу нас, во нашите македонски поделби… Имаме многу причини, историски и наметнати, политички и економски, реални и ирационални за делби и поделби на македонското национално ткиво. Но, една и единствена мисла е заедничка за сите нас – Љубовта кон Македонија! Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите сегашни проблеми и отвораме простор за иднината на нашите деца, на нашите семејства, на нашата единствена Татковина МАКЕДОНИЈА!

(8) Бараме прашањето за власта да се решава во Македонија, а не во соседни метрополи, во Брисел или на некое друго место.

(9) Подготвени сме со сите расположливи ненасилни или дозволиви средства да ја браниме Татковината и да ја почитуваме јасно изразената волја на народот, како единствен носител на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

(10) Убедени сме дека оваа Повелба претставува општо прифатлива рамка за сите наши понатамошни активности и облици на дејствување, наша единствена и заедничка цел останува: Одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија, како заедничка Татковина заснована врз почитување на основните човекови права и слободи.

(11) Водејќи се од наведените определби, свечено изјавуваме и се колнеме дека по секоја цена ќе работиме на нивно остварување, а секое отстапување од Повелбата да се цени за национално предавство во Македонија.

(12) Сите ние, долупотпишаните патриотски сили во земјата, ќе се бориме со сите дозволиви средства и методи против сите облици за рушење на Република Македонија.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Најново од: На прво место

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Најнови вести

To top