Дијаспора

Ревија на малите книжевности – Македонија во фокусот

makedonija-vo-fokusot

Загреб, Република Хрватска

makedonija-vo-fokusotМинатата седмица, во организација на хрватското здружение за унапредување на културата „Културтрегер“ (“Kulturtreger”), во клубот „Букса“ (“Booksa”) во Загреб се одржа деветтата Ревија на малите книжевности. Оваа година, Ревијата беше посветена на македонската книжевност и по тој повод, во издание на „Културтрегер“ е објавен избор од творештвото на десет македонски автори кои согласно критериумите на организаторите се помлади од четириесет години и се афирмирани во својата земја, а нивна книга, до сега не е објавена во превод на хрватски јазик. Приредувач на овој избор е Венко Андоновски.

Ревијата започна со разговор помеѓу Андоновски и Бруно Локотар кој во Хрватска важи за легендарен покренувач на бројни книжевни фестивали и човек кој со својата работа има дадено голем придонес за високите стандарди на хрватското издаваштво. Преку разговорот, многубројната публика се запозна со основните карактеристики на македонската современа книжевност, во компарација со хрватското книжевно искуство. Притоа, Андоновски истакна дека новата генерација македонски книжевници (иако не може да се говори за генерација во класична смисла) се одалечи од постмодернизмот и иронизирањето на реалноста, односно дека новите имиња на македонската книжевна сцена, мошне често и го ирнонизираат постмодернистичкото иронизирање на реалноста. Потоа, со дел од своето поетско творештво се претставија Владимир Мартиновски и Иван Антоновски.

На претставувањето, како карактеристика на поетското творештво на Мартиновски беше забележана посебната форма на интертекстуалност којашто тој ја негува, додека Антоновски беше претставен и доживеан како поет и критичар кого и во поезијата го краси полемичен тон. Претставувајќи го, Андоновски ја истакна и неговата работа на антологијата на најмладата македонска поезија и проза „Ветерот носи убаво време“, во која самиот отвори дебата со претходниците. До одличен спој на овие двајца поети кои негуваат различна поетика, дојде во завршницата на книжевната вечер, кога Мартиновски, на тамбура и кавал го придружуваше читањето на стиховите на Антоновски. Своевидниот перформанс на двајцата поети ја воодушеви публиката за која просторот во клубот „Букса“ беше претесен.

На втората книжевна вечер, пред хрватската публика, преку разговор со нивни хрватски колеги и со читање на нивните текстови застапени во објавениот избор се претставија прозаистите Калина Малеска и Жарко Кујунџиски. Со Малеска разговараше хрватската прозаистка Ивана Симиќ-Бодрожиќ, додека Кујунџиски беше претставен преку разговор со истакнатиот прозаист Едо Поповиќ. „Предавате книжевност и теорија на книжевност, а истовремено и пишувате, па како се комбинираат овие две работи, дали теоријата помага при пишувањето?“ – беше едно од прашањата кои Симиќ-Бодрожиќ и` ги постави на Малеска. „Доколку се имаат предвид некои теориски ставови, тоа може да помогне во пишувањето, но доколку премногу се обидуваме да ги следиме теоретските правила и ги изгубиме од предвид реалноста и спонтаноста, тогаш, теоријата може да претставува отвор за пишувањето“ – истакна младата македонска прозаистка во завршницата на одговорот на ова прашање.

Претставувајќи го Кујунџиски, Едо Поповиќ ја потенцираше „густата биографија“ на овој македонски автор, истакнувајќи дека релативно млад има објавено повеќе книги во кои негува различни книжевни форми, се бавел со маркетинг, активен е и како издавач, пишува колумни итн. „Работам сè и сешто, од внатрешен инает“ – рече Кујунџиски, додавајќи дека „писателите се како политичарите, затоа што секогаш мораат да се објаснуваат самите себеси“. Во завршницата на вечерта беше претставен и младиот македонски прозаист Андреа Јанковски, преку разговор којшто му беше посветен нему, а го водеа Динко Телечан и Венко Андоновски, како и преку читање на негов расказ, преведен на хрватски јазик. Модератор на двете вечери посветени на македонската книжевност беше Миленка Булевиќ, а програмата беше збогатена и со музички настапи – на првата вечер, со изведба на три македонски народни песни, настапи составот „Чипкице“, додека на втората, како музичар се претстави поетот Мартиновски.

Според јавно изнесените впечатоци на организаторите на оваа значајна книжевна манифестација, Ревијата посветена на македонската книжевност се издвојува како најуспешна од сите кои до сега се организирани, и тоа и според интересот на публиката, и според интересот на медиумите и според естетските квалитети на творештвото на застапените автори во изборот објавен на хрватски јазик.

Во изборот чиј приредувач е Андоновски, поместени се и делови од творештвото на: Румена Бужаровска, Игор Крајчев, Снежана Младеновска-Анѓелков, Звонко Танески и Јовица Тасевски-Етернијан. Како што е нагласено во предговорот на изборот, десетте автори чии текстови се застапени „…се иднината на македонската книжевност, и во овој момент, претставуваат нејзина голема реконструкција“. Објавените текстови од младите македонски автори, на хрватски јазик ги преведоа студентите кои студираат јужна славистика на Филозофскиот факултет во Загреб, под менторство на Ивица Баковиќ.

makedonija-vo-fokusot-1

makedonija-vo-fokusot-2

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top