Историја

Писмо од Темпо до ЦК на КПМ

tempo

Писмо од Темпо до ЦК на КПМ за разговорите со ЦК на БРП (к) за ставот кон македонците и присоединувањето на „Бугарска Македонија кон наша Македонија“

(Септември 1944 година)

tempo

„Во Софија разговаравме со ЦК на Бугарската партија и им ги изнесовме сите наши забелешки на нивната работа и за ставот спрема Македонците. Ги притиснавме здраво. На крај тие ги признаа сите свои грешки и изјавија дека ќе направат сеж за односите меѓу нашата и нивната партија да се поправат. Ние им поставивме наши барања во поглед на бугарска Македонија и тие на сеж се согласија. Така сега во бугарскиот дел од Македонија се формираат бригади и дивизии, македонски народноослободителни одбори кои организирано, политички работат во народот за присоединување кон наша Македонија. Секако, сето ова, сеж уште во рамките на бугарската држава (воените единици во рамките на бугарската војска, а НОО во рамките на ОФ). Формалното присоединување ќе се изврши подоц-на, кога ќе одлучи Тито”.

ДАРМ, ф:НОБ, ЦКна КПМ, К-3, инв.бр.2050/1944, Темпо до ЦК на КПМ

ИЗВЕСТИЕ НА ТЕМПО ДО ЦК НА КПМ: ЕДИНСТВЕНА ЖЕЛБА НА ТИЕ НАШИ СТАРИ БОРЦИ БЕШЕ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА

( септември 1944 година)

„Се состанавме со нашата емиграција во Софија (Перо Шанданов, Пецо Трајков, Туше Делииванов, Мартулков (Алексо), Шакир Војвода и др.). Сите тие плачеа од радост и единствената желба им беше што побрзо да се вратат во Македонија. Радосно беше да се гледаат тие наши стари борци кои како деца плачат и се радуваат што го гледааат остварен вековниот сон”.

Историски архив на КПЈ, том ВИИ, док.123, стр 357

ТЕМПО ДО ТИТО:

ВО БУГАРИЈА СЕ РАЗВИВА ДВИЖЕЊЕ КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕМИГРАЦИЈАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ КОН НАША МАКЕДОНИЈА

(25 септември 1944 година)

„Во Бугарија се развива движење кај македонскиот народ и македонската емиграција за присоединување кон наша Македонија. Бугарската армија го спречува развивањето на тоа движење, додека сите партии во Отечествениот фронт се согласни да допуштат присоединување на бугарскиот дел на Македонија кон нас, само за што побргу да постигнат договор со Вас. За сите тие прашања е потребно што побргу да се состанете со нивните делегати”.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top