Македонски легенди

Тодор Поп Антов

todor-pop-antov

todor-pop-antovТодор Поп Антов (28. II. 1875 – 29. XII. 1954) е македонски револуционер и просфетен деец, член на ЦК на ВМОРО. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна.

Тодор Поп Антов е роден на 28 февруари 1875 година, во Тиквешкото село Ваташа, во семејството на свештеникот Андон Поп Камчев. Основно училиште завршува во родното село, а потоа учи во Солунската гимназија. Уште како ученик, во учебната 1894/1895 година станал член на Македонската Револуционерна Организација (МРО).

По завршувањето на гимназијата во 1895 година, Тодор Поп Антов бил назначен за учител во трикласното егзархиско училиште во Прилеп. Подоцна бил избран за член и благајник на Околискиот и градскиот комитет на Организацијата, а на циклостил го издавал револуционерниот весник  „Борец“, кој потоа илегално го распространувал низ Македонија.

Во 1899 година, на барање на ЦК, Поп Антов заминува за Источна Македонија, каде прво бил назначен за главен учител во Крива Паланка, а потоа од 1900 до 1903 година бил главен учител во Пехчево. Во овој период тој ја воспоставува организациската мрежа нарушена во Виничката афера и води борба против врховистичките чети.

Турските власти го апсат и затвараат Поп Антов во Куршумли ан во Скопје кон крајот на 1902 година, а во февруари 1903 година го протеруваат од Пехчево. За него Гоце Делчев вели дека бил: „Тивок, мирен, но цврст како камен… Со своите квалитети и убавиот збор тој создава верни пријатели“.

Од 1904 до 1906 година Поп Антов е главен учител во Мелник каде отвора пансион за ученици од околните села. Исто така, тој бил избран за член на околиското раководство на Македонската Револуционерна Организација. Во меѓувреме, Поп Антов учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година, како делегат на Серскиот револуционерен окружен комитет. Христо Сиљанов за него пишува: „Тодор П. Антов… беше еден од старите искусни раководители во внатрешноста, добро гледан од двата табори“. Како таков Поп Антов на конгресот бил избран за член на Централниот комитет на ВМРО заедно со Дамјан Груев и Пере Тошев.

Турските власти повторно го апсат Тодор Поп Антов во јули 1906 година со обвинување за револуционерна дејност, но во судскиот процесот кој трае до декември 1906 година не успеваат да ги докажат неговите активности. Адвокатот Христо Далчев од Кукуш кој многупати ги штител активистите на ВМРО, успева да го одбрани и Поп Антов.

Во почетокот на 1907 година Тодор Поп Антов ги продолжува своите револуционерни активности како член на Окружниот револуционерен комитет во Скопје, каде бил назначен за учител во Скопското петкласно женско училиште. Меѓутоа власта се сомнева дека Поп Антов продолжува со своите револуцинерни дејности, поради што кон крајот на учебната 1906/1907 година бил отпуштен од страна на Егзархијата. Прогонет од властите и без работа, Поп Антов во летото 1907 година емигрира во Бугарија каде продолжува да учителствува.

По Маладотурската револуција во 1908 година, Тодор Поп Антов се враќа во Македонија и во учебната 1908/1909 година повторно учителствува во Мелник, а во 1909/1910 година и во Мустафапаша (Свиленград).

Како и најголемиот дел од Македонците тој сака да го надгради своето образование, па во 1910 година со својата сопруга Поликсена Мосинова од Охрид, заминал за Женева каде студира Хемија. Во Бугарија се враќа по избувнувањето на Балканските војни и заедно со неговата сопруга се вклучуваат како доброволци во санитарниот оддел на Македонско-одринското ополчение. Во периодот од 1913 до 1915 година Тодор Поп Антов учителствува во Ксанти или Скеча, Тракија, а потоа за време на Првата Светска Војна бил окружен управител на Кавадарци.

По завршувањето на Првата Светска Војна, Тодор Поп Антов се повлекува во Бугарија, каде останува се` до својата смрт. Умира на 29 декември 1954 година во Пловдив, Бугарија.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top