Дијаспора

Македонецот Мајкл Дамески крунисан за најдобар танчер во Австралија

Michael-Dameski

Македонска нација

Michael-Dameski

Осумнаесетгодишниот Мајкл Дамески ја освои Австралија.

На финалната вечер одржана на 1 мај 2014 година, тој беше крунисан како најдобар танчер во австралиското шоу „Мислиш ли дека можеш да танцуваш“ („So You Think You Can Dance“), освојувајќи 100.000 долари.

Младиот танчер со македонско потекло, кој со својот огромен талент и прекрасни соло изведби ја воодушеви публиката и жирито, покрај главната награда, доби можност да избере меѓу три понуди: да добие улога во Австралискиот балет, мастер-студии по танцување во „Red Bull Flying Bach“ во Берлин, или една сезона да настапува со балетскиот театар „Burn The Floor“.

И покрај одредени подеми и падови во текот на натпреварувањето, со својот решителен и енергичен настап, со импресивна кореографија и фантастично танцување, македонскиот танчер од Сиднеј со своите настапи ги освои срцата на милионскиот тв аудиториум и ги исполни страниците на светските електронски и печатени медиуми.

Во финалето на шоуто Мајкл Дамески настапил со кореографијата на специјалистката за џез-лиричен балет Лорин Сејмур и според оцената на жирито (американската кореографка Пола Абдул била претседателка), тој бил најдобар од четворицата финалисти. Тој се напреваруваше со Џеј Џонс (Нов Јужен Велс), Лорен Сејмур (Нов Јужен Велс) и Ренеле Џонс (Квинзленд),

Прогласувањето на Дамески за апсолутен победник на шоуто на австралиската продукција „Мислиш ли дека можеш да танцуваш“ претставува значаен момент не само за младиот танчер и неговото семејство, туку претставува и голем историски момент за целата македонска заедница ширум Австралија, како и за целиот македонски народ. Тој уште еднаш докажа дека Македонците не само што не можеш да го натпееш, туку и да ги надиграш.

Неверојатна соло изведба на младиот Дамески ги воодушеви и публиката и судиите. Судија Пола Абдул за неговиот настап ќе каже: „Знаев дека Мајкл ќе победи. Тој е бестрашен и жесток. Неговата посветеност кон совршеност е евидентна во текот на натпреварот. Неговите настапи беа во центарот на вниманието како на Холивудска премиера, привлекувајќи го нашето внимание како на глутница папараци“.

Освојувањето на титулата „Најомилен танчер на Австралија 2014“, меѓу другото претставува признние за целокупниот труд на Мајкл Дамески кој својот живот му го посветил на танцот. Инаку, овој македонски танчер, актер и пејач, кој е роден на 7 ноември 1995 година во Сиднеј, уште на шест годишна возраст учествувал на натпревари по танцување.

Дамески настапил на Австралискиот танц идеол, без претходно да зема часови по танцување, и влегува во топ 10. Набргу потоа зема часови по танц во школата на Гленда Ји, а по извесно време оди во срудиото „Брент стрит“, кое му овозможува да ја претставува Австралија на Светскиот шампионат на изведувачки уметности во Лос Анџелес. На овој натпревар тој освои злато во сите категории и стана Прв Светски Танчер во јуниори.

Мајкл Дамевски кој живее во Сиднеј со двете сестри и родителите Пеце и Неда, во 2007 година учествува на детскиот фестивал „Златно славејче“ во Македонија со песната „Еден танц“. Веќе наредната 2008 година добива улога во австралискиот мјузикл „Били Елиот“ и во октомври оди на турнеја по цела Австралија. Улогата на Били ја игра до 13 јуни 2009 година, кога во Мелбурн за последен пат настапува во австралискиот мјузикл. Неговата игра била забележана од американски продуценти и е поканет да учествува во американската верзија на „Били Елиот“ на Бродвеј.

Веќе кон крајот на 2009 година, Мајкл Дамески настапува како Били Елиот во американската продукција и се задржува неколку години во САД. Во септември 2010 година тој го напушта Бродвеј за да се приклучи на групата БЕТМ 2 со која оди на турнеја низ Северна Америка. Последната изведба на Били Дамески ја изведува на 29 јануари 2011 година.

До настапот во шоуто „Мислиш ли дека можеш да танцуваш“, тој ја обиколува Северна Америка. За тоа време освојува неколку награди и признанија. Во 2012 година учествувал и во натпреварувањето „Време за млади таленти“. По победата во шоуто „Мислиш ли дека можеш да танцуваш“,  младиот македонски танчер веќе почнаа да го споредуваат и со легендарниот руски балетан Михаил Баришников.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top