На прво место

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дециден: Уставни измени се можни само со јасни гаранции и реципроцитет во почитувањето на човековите права, а не преку ноќ и со наивност.

Прашањето за уставните измени може да се стави на маса во оној момент кога ќе изградиме доверба преку јасни гаранции, барем некој минимален меѓусебен реципроцитет во делот на почитувањето на човековите права. Тоа е нашето очекување, на тоа работиме, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

За централниот дневник на телевизија „Сител“, Муцунски рече дека кардиналните грешки направени од претходната влада не може да се решат преку ноќ.

Во однос на прашањето со Бугарија, додаде Муцунски, имаме идеи, има јасни позиции, кои се јавно артикулурани и се дел од изборна програма, која ја добила поддршката од граѓаните.

– Се согласувам дека огромно мнозинство на нашите граѓани сакаат полноправно членство во ЕУ, за тоа нема дилема, но исто така огромно мнозинство од нашите граѓани на анкетети се против промена на Уставот под овие услови – рече Муцунски.

Тој додаде дека пред две години претставниците на ЕУ имале став дека тоа се условите и оти нема промени, за да пред помалку од една година претседателот на Европскиот совет од Софија кажа дека на нашата држава треба да и се дадат дополнително гаранции, а белгискиот министер за надворешни работи пред неколку дена во Скопје изјави дека на државава треба да и се дадат дополнителни уверувања.

–Јас не велам дека не преку ноќ ќе ги промениме позициите, но исто така кога ние носиме една таква голема одлука треба да веруваме во одлуката што ја носиме. Ние во моментов не веруваме како Влада, тука не зборувам само паушална недоверба и тоа во пракса во гледаме…Не верувам дека доколку утре ги направиме уставните измени нема дополнително да се соочијме со некаква блокада, рече тој, нагласувајќи дека денеска изглегла информација за еден нонпејпр, за кој рече, дека според него е реактивен, но посочи дека гледа загрижувачки трендови кои доаѓаат од Софија, кој не се поврзани со владата сега – туку се плод на долгорочна стратегија.

– Никаде не сме ветиле дека преку ноќ ќе го решиме ова прашање. Вакви кардинални, епски грешки направени од нашите претходници не можеме преку ноќ да ги поправиме, но работиме и веруваме во овие позиции. Она што го гледаме е дека и граѓаните имаат доверба во начинот на кој ги поставуваме надворешно-политичките позиции на државата – рече Муцунски.

Вели дека веднаш штом се формира новата влада во Бугарија планира да оствари контакт и средба со неговиот бугарски колега/шка.

– На нас ни е императивно значајно да оствариме комуникација и да работиме на решение. Очекувам во текот на следната недела да бидам во неколкудневна посета на Бугарија заради одржување на министерска конференција за Коридорот 8. Ние и понудивме на Бугарија да бидеме коорганизатори, но без одговор, пуштија покана. Тоа според мене не е начинот на комуникација на кој треба да ги градиме односите пред се затоа што Коридирот 8 е една точка каде покажавме напредок. Наше е да бидеме позитивни, но таа позитивност да не е наивност – рече Муцунски.

Нагласи и дека го радува фактот што интерес да се затвори билатералниот спор со Бугарија и да почнеме преговори со ЕУ покажуваат голем број членки на Унијата.

Најново од: На прво место

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

14 септември – почеток на црковната Нова година и Начало на Индиктот

На 14 септември според граѓанскиот календар, односно на 1 септември според стариот црковен календар, Православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година – Начало на Индиктот. Со овој ден започнува новиот годишен богослужбен круг и новото патување на верниците низ празниците и настаните од Христовиот живот и историјата на Црквата. За разлика од граѓанската […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

To top