Дијаспора

Промоции на дела со иселенички содржини

promocija-toronto

promocija-toronto
Во Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, Канада

На 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне,  во салата на катедралната Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржаа промоции на публикациите “Светот на дланка” и “Love stories”, или како македонско издание насловено “Иселеничка вртелешка”, од авторот Славе Николовски – Катин, кои се изданија на издавачките куќи “Тримакс” и “Македонска искра” од Скопје.

Овие дела со иселенички содржини беа промовирани во рамките на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” кое е во состав на црквата “Св. Климент Охридски”, а во исто време кога се одржуваше интересната Модна ревија во организација на Женската секција при Црквата. Во присуство на голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, за делата зборуваа проф.  Филип Ангеловски, водител и диригент на Црковски хор кој ја отвори промоцијата и Соња Лозановска, главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” од Торонто.

Филип Ангелковски во своето излагање, меѓу другото, истакна дека книгата “Светот на дланка” на публицистот Славе Николовски – Катин се промовира за прв пат на северно – американскиот континент и дека таа претставува репортерско видување, патувачки летопис, документ на хроничарски пристап и фактографска меморија на волшебната имагинација на авторот.

Делото “Светот на дланка” кое содржи 440 страници на едно место, како на дланка пред читателот отвора широки хоризонти и тој може да пропатува во 40 земји ширум светот, да се запознае со голем број места, градови, интересни споменици на културата на домородното и другото население во светот со различни култури, обичаи, религии и голем број специфики.

Оваа публикација, всушност, е  интересна патувачка сага на доживувања, настани, видува-ња, записи и написи, низ кои се спојуваат или премостуваат времиња и епохи, мориња и океани, меридијани и транс-ферзали од Северна преку Латинска до Јужна Америка,  во многу земји на старата дама Европа, а преку афри-канско – азиските простори дури до најдалечната-Австра-лија. Исто така, авторот во оваа книга пишува и за Благоевград, Пустец, Костур, Белград, Загреб, Истанбул, Москва, Киев и многу други градови и земји каде што живеат Македонци од сите деловина Македонија во светот.

Поради една или друга причина, голем број земји во светот биле дестинации и испирации на Славе Катин како новинар, како член на владини и црковни делегации, а особено како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.

Инаку, Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите публикации, како и по бројните  новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците, но и за низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Затоа, не е случајно што во ова дело тој започнува и завршува со љубовта изразена кон родната земја – Македонија, рече  на крајот проф. Филип Ангелковски.

Во своето излагање, пак, Соња Лозановска рече декапознавањето на историјата, културата, фолклорот, јазикот, духот, религијата и дриги карактеристики на Македонците од сите делови на Македонија, расселени насекаде по светот, му овозможи на Славе Николовски – Катин да напише текстови со љубовна содржина кои се интересни и евидентни, а кои се однесуваат на судбината и вистината на македонските иселеници.

Книгата “Иселеничка вртелешка” на Славе Катин е прозно дело на македонски јазик, а е отпечатено и на англиски јазик под наслов “Love stories” (“Љубовни приказни). Таа содржи дваесет љубовни стории, главно, за љубовниот живот во Татковината и во дијаспората, каде се случуваат најразлични љубовни настани, кои се невообичаени, пикантни и интересни.

knigi-slave-katin

Интимните приказни во оваа издание, рече Соња Лозановска на свој начин го потврдуваат љубовниот, семејниот, македонскиот дел од животот. Во делото се пренесени типичните интимни прашања и проблеми, особено на Македонците во дијаспората. А, Славе Катин познавајќи го животот, напредокот, животните судбини, семејните обичаи и постигнувањата на Македонците во Канада, САД, Австралија и Европската Унија, успева на сликовит начин, раскажувачки да не пренесе во љубовните лавиринти, кои оставаат силен впечаток кај читателите. Затоа, книгите “Иселеничка вртелешка”, на македонски јазик и “Love stories” на англиски јазик на Славе Катин со задоволство и топло ги препорачувам на македонските читатели.

Алексо Лозановски

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top