Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (21 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

Продолжуваме со презентирање на неточни податоци во врска со македонската и балканска историја.

Во книгата на Бернард Рандал, под наслов “Александар Велики – Македонски крал и освојувач – лидер на античка Грција” (“Alexander the Great – Macedonian King and Conqueror – Leader of Ancient Greece“), на стр. 7 читаме:

“Тој (Александар, з.н.) од владетел на главната држава во Грција, станал завојувач на најголемата имоприја”. (На англиски: “He went from ruler of the leading state in Greece, to conqueror of the biggest empire”“)

Практично овој автор-фалсификатор ја прави Грција поголема од Македонија (иако Грција тогаш воопшто не постоела).

Во книгата на Нигел Кавторн под наслов “Александар Велики” (Nigel Cawthurne: “Alexander the Great”)на стр. 92, читаме дека Александар бил “Грк”, кој потекнувал од местото Аргос, исто како и останатите македонски кралеви.

Бидејќи и други автори пишуваат дека Македонската кралска династија потекнувала од “грчкиот град” Аргос на Пелопонез, овде сакам да дадам едно објаснување во врска со ова, користејќи се со податоци од книгата од Александар Донски: “Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите” (Штип, 1999 год.). Честопати грчките пропагандисти и нивните странски поддржувачи тврдат дека најголем доказ според кој Александар Македонски наводно бил Грк, бил фактот што нему му било дозволено да учествува на Олимписките игри, на кои, било дозволено да учествуваат само Грците.

Всушност, прв македонски крал кој учествувал на грчките Олимписки игри бил Александар Први (предокот на Александар Трети Велики Македонски). Меѓутоа, неговото учество  воопшто не одело така лесно и било допуштено дури по неговото упорно инстистирање и тоа со строго ограничување, според кое, само македонските кралеви можеле да учествуваат на Олимписките игри, додека нивниот народ (Македонците) и натаму останале да бидат третирани како инаков народ (барбари).

Но, некој можеби ќе забележи дека самиот Александар Први сведочел дека потекнува од градот Арг на Пелопонез. Па, зарем тоа не е доказ дека тој бил Грк? Ќе одговориме и на ова прашање.

Како прво, градови по име Арг имало неколку во тогашниот антички свет. Денес сe повеќе научници (влучувајќи го и александрискиот историчар од 2 век Апијан) сметаат дека, иако Александар го спомнал Арг на Пелопонез како град на своето потекло, тоа всушност се однесувало на Арг Орестикон (близу денешно Рупишта, гратче што се наоѓа по горниот тек на р. Бистрица во Македонија). Ова значи дека Александар Први, сакајќи по секоја цена да учествува на грчките Олимписки игри, најверојатно го измислил своето грчко потекло од Пелопонез. Денес поголем број научници се согласуваат со оваа теорија и сметаат дека тој си бил Македонец, со потекло од Македонија, но за да му дозволат да учествува на грчките Олимписки игри, намерно им рекол на Грците дека потекнува од Пелопонез, т.е. дека и самиот е Грк.

Теоријата за потеклото на Александар Први од Македонија, а не од Пелопонез, ја застапуваат токму голем број грчки историчари!

Така, на пример, грчкиот археолог Алики Стујанаки во Воденското периодично списание “Едесаика хроника” (мај-август, 1972, стр. 18) пишува дека првата позната династија на Македонците нема потекло од Арг на Пелопонез, туку од Арг во македонската област Орестида и дека повеќето грчки истражувачи ја прифаќаат оваа теза. Овде читаме:

Помладите истражувачи на историјата оформија две различни гледишта: едни дека Аргос, како место за потеклото на Аргеадите е на Пелопонез… а другите тврдат дека Аргос е во Орестида (област во Македонија, з.м.) како што објаснува и Апијан. Последниве се повеќе и поверодостојни “.

Од друга страна и на Александар Први Македонски целта му било што повеќе да биде присутен во грчкиот свет, иако соработувал и со Персија. Неговата сестра била мажена за висок персиски достоинственик, поради што, за време на грчко-персиските војни, Александар Први играл улога на преговарач меѓу завојуваните страни (што е детално опишано кај Херодот), кој бил, ту на едната, ту на другата страна. Дури отпрвин тој бил на страната на Персијанците, но ноќта пред битката помеѓу Перисјанците и Грците кај Платеја, тој наеднаш се свртел на страната на Грците и поради тоа го добил прекарот “Филхелен” (љубител на Хелените), што исто така сосема јасно зборува дека тој не бил никаков “Хелен”, туку странец кој ги почитувал Хелените.

Впрочем, Херодот пишува дека уште неговиот татко Аминта од страна на Персијанците сосема јасно бил нарекуван како – Македонец, а и самиот Александар Први, во една прилика рекол дека е Македонец. 

Неговиот наследник Архелај ја пренел македонската престолнина од Егеј (близу Воден) во Пела. Факт е дека Грците во окoлината на Воден вршат истражувања со далеку помал обем, отколку оние што ги вршат во Пела. Причината е јасна. Ним не им одговара да откриваат податоци за Македонската држава од времето кога, во неа, езистирала чистата македонска култура, без речиси никакво влијание од грчката, каков што бил случајот во времето додека македонската престолнина била во Егеј (близу Воден).

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top