Дијаспора

Делата од Јоне Кленко

jone-klenko-2

Иван Трпоски

Неодамна во библиотеката од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј пристигнаа повеќе книги од Македонија со различна тематика. Во овој запис ќе се задржам на книгата од д-р Стојан Ристески „Две ретки дела од Јоне Кленко“, која, се надевам дека ќе го задржи вашето внимание.

jone-klenko-2

Овој мирен и тивок Стружанец кој има импровизирана работилница среде во чаршијата во која се продаваат стари алати, ташни, колани, слики од стара Струга и од стружани, амблеми, сувенири и други предмети кои посебно му значеле во животот, познат е и како врвен мајстор за чевларство, за кожна галантерија и друго. Тој е жива историја за Струга. Како таков е афирмиран и пошироко, а особено по објавувањето на публикациите „Записи за минатото на Струга“ (две изданија: 2006, 2008) и „Древната струшка ѓурѓовденска ордија“ (две изданија: 2013, 2014). Потекнува од побожна фамилија и за него се` што е од Господа и што се прави за Господа е Господово.

Идеата на Јоне Кленко за да направи скулптура на Свети Климент Охридски има долг пат што го изодел сам, за која никому не му спомнал се` до конечната реализација во 2011 година. Имено, Јоне Кленко во 1958 година посадил орев во месноста Езерски Лозја, на неколку километри оддалеченост од Струга. Оревот израснал со чисто стебло, токму по желбата на Јонета. Во 2000 година, некои од гранките почнале да се сушат, а плодот предвреме да паѓа. Исплашен да не фати црвојадина, Јоне оревот го пресекол и трупот го оставил десет години да се суши. По бесправното сечење на оревот, Јоне, најпрво усно бил казнет со над сто илјади денари од властите во Струга, а подоцна судот се смилувал и казната му ја намалил на 45.000 денари. Јонета ни тоа не го поколебало да побрза да најде мајстор во Струга, резбар, за изработка на цела фигура на свети Климент. По муабетите низ струшката чаршија, тој разбрал дека со резбарство се занимава лекарот д-р Драган Докоски, кој наводно ја прифатил понудата но со едногодишен договор, зашто Докоски, оваа работа ќе ја работел само во викендите и после работното време.

Таинствениот Јоне Кленко не кажал никому ни кога била готова скулптурата. Неа тајно ја внесол во својот дом со д-р Драган Докоски. По завршувањето на скулптурата, авторот се восхитувал што го исполнил аманетот на Јонета, а и што оставил зад себе уште една трага во огромниот свет на уметноста, по која, можеби, еден ден ќе биде препознатлив, истражуван како дел на културата на живеење на македонските простори.

Покрај скулптурата на свети Климент, по нарачка на Јоне, д-р Доковски му изработил  и три ковчежиња – имитација на ковчежињата на Свети апостол Павле – апостол на апостолите, во кои апостолот чувал три камења со исушена крв на Исус Христос што капела на нив од нанесените Му рани. Тие ковчежиња на животот ги оставил на три места: Палестина, Света Гора и во Голем Град (во село Враништа), како најмоќно сретство за ширење на Христовата света вера. А Јоне Кленко неговите три ковчежиња ги посветува на неговите три ќерки, кои подоцна ќе ги подари на три свети места: едно во родниот град Струга, во црквата Свети Ѓорѓија, а по едно во манастирите Свети Наум и Свети Јован Бигорски. По консултација со архимандритот Нектариј, Јоне добил благослов, но со сугестии во ковчежињата да има по едно камче од Светата Земја, односно од Голгота и на внатрешната страна од ковчежињата да биде претставено Распетието на Исус Христос. А и скулптурата на Свети Климент, тој сака да и ја подари на црквата Свети Ѓорѓија во Струга веднаш по нивниот црковно свештенички благослов. Дарежливото срце на овој струшки верник и Македонец колку е благодарно  се гледа и од написот објавен во првата книга каде ги повикува стружани да се вратат во Струга, да се вратат во татковината: Стружани каде и да сте, Струга во мислите имајте ја, во сонот сонувајте ја, во срцето носете ја, родната грутка – не заборавајте ја!

jone-klenko-3
Скулптура на Св. Климент, дар на Јоне Кленко, a изработка на д-р Драган Докоски – Струга 2014 год.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top