Коментари

Дни на искушение

vasko-gicevski-2

vasko-gicevski-2
Васко Гичевски

Во последниве неколку денови, нашироко се расправа за создавање на албанска православна црква во Македонија, за одржување на литургии на албански и ете сега наводно произлегоа таканаречените жртви на системот Бранислав Синадиновски ”основачот на ВМРО – ДПМНЕ” кои упорно бараат „остварување на националните права“. Во барањата на Иницијативниот одбор стои дека тие се албанци но со православна вероисповест и доследно на тоа сакаат и литургии, а некои одат и подалеку од ова па сакаат и албанска национална црква во Македонија.

Од друга страна пак го имаме гласот на народот, гласот на народот од реканскиот крај кои дословно се против идејата на Иницијативниот одбор за литургии и црква на албански јазик.

Така, во контекст на гореспомнатото го пренесуваме во целост Барањето за демант упатено до нас од страна на здружението „Мавровско-горнорекански регион“ во кое тие јасно и гласно, цврсто и недвосмислено кажуваат и укажуваат дека во споменатиов случај САС на МПЦ е погрешно информиран, дека нема Албанци меѓу Горнореканците, односно и да ги има, тие се само неколку поединци на број, па според тоа не би требало да се дозволи панихида за Кристо Багери на албански јазик. Во врска со ова, во медиумите веќе е објавена вест со изјава на потомците од семејството Багери дека ни тие самите не би сакале панихидата за нивниот покоен предок да биде отслужена на албански јазик, туку напротив, и дека таквото барање доаѓа од надворешни елементи, а не од локалното население. Поради тоа, како заклучок, Здружението го изнесуваат своето барање одлуката на САС на МПЦ да биде поништена!

Почитувани!

По повод донесувањето на контраверзната и штетна одлука на синодот на МПЦ-ОА ние членовите и симпатизерите на здружението „Мавровско-горнорекански регион“, Ве замолуваме и воедно бараме од Вас да биде објавен овој наш демант за кој писмено Ве известуваме и Ве информираме дека на територијата на Општина Маврово и Ростуша не постојат Албански Православни населени места, освен неколку издвоени случаеви на поединци за кои според нашите сознанија и видувања се прикажуваат таканаречени „Православни албанци“ иако ние како здружение ја знаеме причината за нивното изјаснување но ги почитуваме нивните чувства.

Здружението со целосна морална обврска и аргументирано ги набројува само неколку причини од многу кои ги има на оваа територија дека одлуката на Синодот на МПЦ дека треба да биде повлечена или прогласена за ништовна.

Како аргументи ги наведуваме:

– Пописите кои се периодично евидентирани во Заводот за Статистика заклучно од 1945 година па се до денес, населението од Маврово и Горна река од православна вероисповест се изјаснуваат како Македонци со мајчин јазик Македонски.

– Фреските и иконите како и записите кои се врежани во иконостасите на манастирите и црквите во овој регион, се на старословенски и македонски јазик, но не и на албански јазик.

– Меѓусебната Кореспонденција во населените места и црковните служители на оваа територија во минатото била исклучиво на старословенски јазик, има примероци на руски јазик, мал дел и на грчки јазик, во поновите светилишта на Македонски јазик, но никаде и никогаш на албански јазик.

– Напоменуваме и не криеме дека постарите генерации на македонците од овој регион, под жесток притисок и терор го имаат користено албанскиот јазик како средство за опстанок и спас од пљачкање и убивање од страна на качачките банди.

– Исто така сакаме да напоменеме дека и првиот поглавар на МПЦ Г.Г Доситеј а кој е со потекло од овој регион како и многу други познати и истакнати личности, од овој регион никогаш и никаде не се изјасниле како албанци православни.

– Ние од Здружението никогаш нема да дозволиме да манастирот свети Јован Крстител-Бигорски да биде прогласен за седиште на албанското православие.

Здружението апелира до сите невладини организации и здруженија на албанците во западна Македонија, и на дел од актуелните политичари кои ја шират големо-албанската теза и пропаганда, да размислат дека не треба во 21 век да се прави обид за асимилирање на чистото македонско православно население кое долги години има соживот и хармонија со соседското албанско и македонско муслиманско население во нашата заедничка Река.

Здружението Мавровско-Горнорекански регион, го повикува надлежниот Владика од тетовско-гостиварската епархија Г.Јосиф, да ги повика потомците на Јосиф Багери, и во нивна консултација нека одржи панихида на јазикот што тие сами ќе одлучат.
На крајот апелираме до сите надлежни институции да ни дадат поддршка и разбирање за нашето барање до Синодот на МПЦ-ОА.
Со почит
Здружение „Мавровско-рекански регион“

Тргнувајќи од историските факти конкретно од фактот дека прeседателот на Иницијативниот одбор Бранислав Синадиновски (член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година) се самопрогласи за идеолог и основач на ВМРО ДПМНЕ а општопознат факт е дека идеолог на партијата е Драган Богдановски кој и својот живот го посвети на истата а додека Синадиновски беше секретар на Љупчо Георгиевски кој пак беше еден од основачите (ако се земе во обзир дека не само Драган Богдановски туку и бројни македонци дадоа допринос во фомирањето на партијата меѓу кои и Мане и Гојко Јаковлевски, Борис Змејковски, Стево Доневски-мајка, Владо и Дијана Транталовски, итн.)
Втор историски непобивен факт е дека на просторите на Македонија никогаш немало богослужба на албански јазик и македонците од овој крај кои го зборувале албанскиот јазик, кои како дел од македонскиот народ биле опслужувани со црковнословенски и македонски јазик во црквите за што имаме и сведочења од самите нив.

Никогаш во црквите на подрачјата населени со Македонци кои го зборувале албанскиот јазик, не била документирана употреба на албански јазик ниту во литургиите, ниту на иконописите ниту пак постојат богослужбени книги напишани на албански јазик. Тие секогаш си биле дел од македонскиот народ кој низ вековите бил мачен и прекрстувам многупати, во зависнот од тоа кој во тој момент ја газел Македонија и какви цркви градел.
Имено шкретите се во суштина македонци кои во напливите на исламизираните албанци кои им биле продолжена рака на османлиите и правеле врз населението големи зулуми и де факто преку насилство ги присилувале на исламизација, дел од нив го прифатиле исламот а дел само албанскиот јазик а си ја сочувале верата.

Во суштина зад идеата за формирање на таканаречена Албанска православна црква во Македонија стојат главно политичките фактори а додека истата ја нема подршката од оние за кои „се прави“ оваа црква. Со самата појава на некои здруженија од типот на здружението за ликот и делото на Јосиф Багери кое се појави во предходниве неколку дена и рече дека и самата фамилија т.е. потомците на Багери сакаат панихида за него на албански јазик а кога истата фамилија се произнесе во медиумите дека не им паднала на ум таква идеја и дека не се информирани за постоење на такво здружение стана јасно дека сето ова е еден тројански коњ кој еве по втор пат ни го поставуваат.

Дојдовме до дните на искушение во кои само една погрешна одлука може да не донесе во пропаст и да предизвика уште една поделба внатре во Македонија која пак ќе придизвика нови страдања и остварувања на некои политички желби и мислења кои одредени политичари ги промовираа изминативе години. Фактот што ова идеа најголема подршка доби и од Љубчо Георгиевски кој го повика Синадиновски да седне на преседателската функција на партијата ВМРО – ДПМНЕ и да ги спроведе интересите на „православните албанци во Македонија“, а да се потсетиме само дека токму Георгиевски беше еден од иницијаторите на идејата дека западна Македонија треба да им се отстапи на албанците а остатокот од Македонија и македонското население треба да се “присети на своите корени и да престане да верува на комунистичката историја дека има македонци како посебен народ”.

Наше е оваа срамна политика да ја спречиме да изврши врз македонскиот народ, да спречиме нов удар по македонската државност и сувереност, да спречиме нова пределба на македонците и нови тензии од кои ништо дуго не произлегува освен реки крв кои некои личности заради вакви или такви интереси сакаат да течат.

Никогаш во овие и идните дни на искушение не смееме да дозволиме да станеме марионети на туѓите политики, тоа барем можеме и треба да го научиме од досегашната македонска историја, да не даде Бог грешките да си ги повторуваме.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top