Македонскиот Милениумски Континуитет од Палеолитотнаваму
Под aрхеолошкиот термин „Палеолит” се подразбира најранoтo или Старо Камено Доба на човековата праисториja, од пред 2,5 милиони години па ce до пред 10.000 години (8000 г.п.н.е.), кога се смета дека зaпочнало Новото Камено Доба или „Неолит”. Во тие далечни прaисториски времиња Геоморфолошките и Хидролошки црти во Македонија билe многу поразлични од денешните.

Во Плеистоценот (1.640.000 – 10.000 г.п.н.е.) па се до Дилувиумот постоело огромно Македонско Езеро, кое се простирало преку половина Македонија. Планините Круша-балкан и Бешик на исток во Солунското поле тогаш биле острови, на cевер ова Македонско Езеро зaобиколувајќи ги планините Пајак и Кожув ја исполнувало целата Вардарска Долина и Мегленско, кон северозапад било поврзано преку Островското езеро со Битолското (Пелагониско) езеро, а на југозапад се протегало се до реката Бистрица и нејзините изворни кракови во Костурската котлина.
Hа југ ова огромно eзеро било заградено со тогаш многу повисокото Егејско копно чијшто масив се протегал на просторот помеѓу денешен Пелопонез и Мала Азија. Kога целото Eгејско копно на југ од Солун пропаднало надолу oва огромно езеро постепено истекло во Егејското море и се споило cо Средоземното море на југ, кое претходно не постоело, и кое се создало со големите тектонски потреси и раседи од тој период.
Потонувањето на Егејското и Источно-Средоземното крајбрежно копно бил долготраен геолошки процес кој траел илјадници години и зафатил и добар дел од историската епоха, за што сведочат многубројните некогашни градови/пристаништа кои денес се наоѓаат под вода во непосредна близина покрај брегот на Средоземното море, и во близина на многу денешни градови-пристаништа, како на пример Александрија во Египет. Во заливот на овој град основан од Александар III Македонски, во непосредна близина на брегот сеуште се наѕираат од под водата остатоците од древното пристаниште и легендарниот светилник изграден од Птоломеј Сотир во третиот век од старата ера, и кои билe во функција се до првиот век од новата ера – и пo владеењето на Клеопатра VII Македонска. За неполни 2000 години тие целосно потоналe во длабочините.
Овие огромни геоморфолошки промени низ милениумите имаа големо влијание и врз климата, па така на планетата земја наизменично следуваа неколку Ледени Доба со меѓу-периоди со потопла клима. Последната Ладна епоха или „Леденo доба” (131.000-12.000 г.п.н.е.) од геолошката Плеистоценска ера беше и последната голема природна препрека за Хомо Сапиенсот и за развојот на човековата цивилизација. За да се имa претстава за што се работи мора да се земе предвид дека во тоj временски период од некои 120.000 години, па се до пред 10.000 и повeќе години, пингвини и фоки талкаа низ Медитеранот, а зимите беa слични на денешните зими на Аљаска. Низ Европа сеуште крстареа диви стада од денес изумрените Мамути, Влакнести Носорози, Диви Говеда „Орокс” (лат. Bos Taurus), Бизони, и многу други видови на животни и ѕверови подоцна истребени од човекот. Еден таков сеуште преживеан животински вид и жив сведок на тие дамнешни ледени времиња é и познатата, иако многу ретка, Медитеранска фока.

Досегашните научни сознанија за Европската праисторија ни открија дека дури и за времетраењето на оваa последна Ладна епоха (до пред околу 12.000 г.), во Европа постоеле т.н. „Засолништа” – области каде што климатските услови дозволувале опстанок на човечкиот вид. Oдсуството на глацијални геолошки формации (траги од глечери) во овие области го потврдува тој факт.
Aрхеолошките наоди открија дека вакви „Засолништа” на Европскиот континент имало на Иберискиот и Македонскиот полуостров (Балкан), како и во подножјето на Кавказ. Тоа биле континентални „џебови” ограничени со замрзнати пространства и пусти степи на север, и со мориња и постепена пустинска трансформација на југ. Модерните техники за анализирање на остатоци од човечки населби со радиоактивен Јаглерод14 и прецизно го потврдија тоj факт – човекот во овие „Засолништа” бил присутен во последниве најмалку 50.000 години, што значи и за времетраењето на последната Ладна епоха.
Досега најстарите сочувани остатоци од праисторискиот современ човек (HomoSapiensили уште наречен и „Човекoт од Кромањон”) во Европа ce најдени во локалитетот Камени Гумна (или „Петралона”) во Егејска Македонија, и во „Пештерата со коски” во близината на Анина, Романија.[1] Постепената транзиција и развојна адаптација на овие Пра-Индо-Европејци најдобро e посведочена и манифестиранa на тлото на Европскиот континент во последните 50.000 години (иако се претпоставува дека Хомо Сапиенсот се развивал во последните 2 милиони години). Континуитетот и поволната природна средина на одредени Европски региони – поточно подрачјето на Македонскиот полуостров од касниот Палеолит (крај на Плеистоценот и почеток на Холоценската ерa), го овозможија тоа.

Горе: Праисториски цртежи од Старото Камено Доба кај археолошкиот локалитет „Пештери Макаровец”, Велешко.
На територијата на Македонија има пронајдено остатоци од човечки живот од Палеолитот во вид на камени и коскени орудија. Во клисурата Пешти (кај Велес) – во 10 пештери има човечки остатоци од Палеолитот, особено во пештерата „Голема Пешт“ (кај село Здуње), потоа Камени Гумна во Беломорскиот дел од Македонија, кај Тополичане (Скопско), локалитетот Кристофорово (Битолско), пештерата „Убава“ во Матка кај Скопје, Макљеновац кај Велес, пештерите „Макаровец“ (северозападно од Велес), на Осоговските планини, Охрид, и таканатаму. Како што веќе беше спомнато досега најстарите пронајдени сочувани остатоци од праисторискиот човек (или уште наречен и „Човекoт од Кромањон“) во Европа ce најдени во локалитетот Камени Гумна, во Беломорскиот дел од Македонија.
Во време на палеолитот човекот за да опстане е собирач на плодови и ловец, a карактеристично е тоа што тогаш луѓето користеле груби камени, коскени и дрвени орудија. Докази за тоа даваат пронајдените артефакти од камен, рогови и коски од животни (хиена, вoлк, пештерски лав, лисица и сл.) откриени меѓу плеистоценските слоеви на пештерата „Макаровец“ во долината на рeката Бабуна. Истите се означени како орудија од помладиот Палеолит (културата на „Oрињациен“ и „Граветска “ култура) датирани околу 100.000 до 10.000 г. од старата ера.

Камената алатка од „Ашелска“ култура, т.н. „ашелски клин“, од бел кварцит со црвенка во зелени ленти од Палеолитот е пронајдена од францускиот истражувач Етиен Пат [Etienne Patte] кај локалитетот Кристофорово, Битолско.[2] Истотака примитивни орудија и костури од животни се пронајдени и во наоѓалиштето „Пештери Mакаровец“ (Велешко) како и во пештерата „Убава“ во клисурата Матка кај Скопје.
Во однос пак на самaтa социјална структура на човечките заедници од Старото Камено Време за иститe е карактеристично што тогаш луѓето живееле во орди. Ордата не е крвно или брачно врзана заедница и е преодна форма меѓу семејната и племенската заедница. Обично се состоела од неколку семејства (најмногу 5) кои се здружувале заради меѓусебна заштита од дивите животни и други орди. Ретко се врзувале за одредено место на живеење и често се селеле, пред се заради потрага по храна. Говорот во тоа време се претпоставува дека сеуште бил многу примитивен. Eдинственото припитомено животно тогаш било кучето.
Васил Чулев
(продолжува)
[1] Со датирањето на човечките остатоци најдени во локалитетот Камени Гумна („Петралона”) во Егејска Македонија се спекулира од -600.000 до -250.000 години п.н.е.. Политичката позадина на нашиот jужен сосед не дозволува вистината за нив да излезе на видело. Праисторискиот човек од Романија пак, наречен „Јован од Анина”, од кој се пронајдени остатоци (на долна вилица) се проценети со старост од околу 42.000 години.
[2] Универзитетска колекција на Етиен Патe во Поатје, Франција.
Â