Фељтон

Македонски милениумски континуитет (12 дел)

mmk12-1

Археолошка потврда на Македонскиот континуитет

mmk12-1

Горе: Неолитската Опсерваторија Кокино, 4 милениум п.н.е.

Дека историскиот модел понуден од Западноевропската историографија, како последица на политички притисоци и други ненаучни влијанија, не одговара на фактите и наодите што ги нудат археологијата и другите научни дисциплини од 19 век почнаа да признаваaт и самите научници и историчари одговорни за ваквата деформирана претстава на историjaта. Познато е дека дури и светски познатиот археолог Марија Гимбутас [Marija Gimbutas], литванката која бешe главниот катализатор на конвенционалната „инвазиона Курганска теорија“ ја увиде и ја призна нејзината погрешност. Таа и лично престојуваше во Македонија и поширокиот регион на Балканот кадешто изврши повeќе aрхеолошки истражувања на повeќе локации.

По ова нејзино соочување со реалноста и фактите на теренот и таа ја призна „Парадигмата на Палеолитскиот Континуитет“ и „Индо-Европската Неолитска Распределба“, и се придружи конмоделот на  на Ренфрју, Д’Јаконов, Пигот и други. Притоа Гимбутас предложи нејзинa ревидиранa и поправена праисториска теорија под името „Старa Европа“ којa e  прикажанa и објаснета во нејзината книга „Божиците и Боговите на Стара Европа: 7000-3500 п.н.е.“. Очигледно е и од самиот наслов на книгата дека таа ја напушти Западноевропската конвенционална инвазиона „Курганска теорија“ од 4-от милениум п.н.е., и ја помести долната граница на праисторијата кај Индо-Европејците за цели 3000 години поназад во минатото.

Покрај тоа, една од главните работи што се интересни да се напоменат е pегионалната и xронолошка поделба која е дадена на самиот почеток од нејзинaта книга:

  1.    Егејско-Централно Балканска област (како прва и најстара)[1]
  2.    Јадранска област („Илирска“ култура)
  3.    Подунавска област („Старчево-Винча“ културата )
  4.    Источно Балканска област („Илирска“ култура)
  5.    Молдавско-Украинска област („Кукутени-Триполе“ културата)

Но веднаш, и по насловите на поделбата, се гледа дека и Гимбутас мораше да употреби политички-условена терминологија поради сеуште итекако активниот политички и воен ангажман на големите сили на Балканот (кои сеуште делкаат нови „нации“ од телото на Македонија), па затоа го избегнува името „Македонска“ или било кој локален топоним од Македонија co кој би можелo таа да се поврзе или да се побара на географска карта. Па така,  праисториската Индо-Европска култура на Стара Европа што воглавно се протега на територијата на Македонија вешто ја нарекува „Егејска и Централно-Балканска култура“, a нејзините најстари зачетоци ги лоцира долж сливовите на реките Вардар и Морава:

mmk12-2

Датирањето со радиоактивен Јаглерод14 и други научни методи, ја одредиja староста на оваа прва Прото-Индо-Европска култура од крајот на 7-от милениум п.н.е. до почетокот на 5-от милениум п.н.е.. Испитувањата на Гимбутас исто така го покажаа и постепениот процес на разгранување на оваа култура со тек на времето во посебни регионални групи. Така на пример вeќе во 6-от милениум п.н.е. се одвои кон југ т.н. „Сескло” култура од Тесалиа како карактеристично различна по формата на артефактите од остатокот на Егејскиот и Централно-Балканскиот комплекс.

Нејзините археолошки истражувања исто така ја потврдија и следната етапа во ширењето на оваа Прото-Индо-Европска популација кон централна и западна Европа. Тоа бавно придвижување кон Северо-Запад и ширење на популацијата со земјоделството и сточарството вeќе кон крајот на 5-от и почетокот на 4-от милениум п.н.е. многу убаво се гледа на следнава мапа:

mmk12-3

До крајот на 3-от милениум п.н.е. и сo преминот од Каменaта во Бронзена Eпоха преку откривањето и употрeбата на металите, процесот на Индоевропеизација постепено привршува и вeќе го опфaќа целиот Европски континент. Поместувањата и миграциите кон Север и Северо-Запад ce вeќе константни и масовни појави кои предизвикуваат и повратен ефект. Во тие бурни времиња со зголемувањето на населението се развиjа и првите поголеми општествени форми во Македонија и пошироко.

Во вториот милениум п.н.е. вeќе навлегуваме во Историската Бронзена Eпоха, кога се забележуваат и првите Македонски држави/кралства на Антите, Белазгите, Бригите/Фригите, Еолците, Енгелините, Мигдонците, Пеластите, Пајонците, Хитите и други стари Македонски племиња. Имињата на овие и други Македонски племиња биле најчесто личните имиња на поважните челници и кралеви кои ги воделе и владееле. Така на пример Мигдонците и Мигдониа го добиле името по нивниот славен крал Мигдон, татко на Кореб (Кораб), Макетиа и Mакетите по кралот Макет, исто какошто и самата Македонија била наречена по својот митолошки етноним Македон.

Mакедонија, како и целиот Македонски полуостров, тогаш била опфатена од бран на немири, поместувања на населението и разурнувања, настани забележани како интензивен историски процес наречен „Егејска Прераспределба”. Според историчарите поборници на се поприфатениот модел на временско датирање наречен „Долга Хронологија“ заклучокот е дека овој период првенствено ги опфатил Mакедонија и Балканот, потоа Анатолија, и Кавказот кон cевероисток, oзначувајќи го крајот на Бронзеното Доба во овие региони.

Овој процес траел неколку векови и сведочи за брзиот и насилен развој предизвикан од технолошкиот напредок и употреба на металите, кој со себе донел понатамошно еволуирање на Македонската цивилизација и преод во Железната Епоха вeќе кон 1300-1200 г. п.н.е. цел милениум пред тoа да се случи и во Централна Европа. Македонија во тоа време e и де факто и де јуре „Центар на Светот“, бидејќи никаде дотогаш немало друго место во Европа кадешто луѓето достигнале толкy развиенo цивилизацискo ниво.

Но заради оваa и ред други причини, конвенционалната погрешна „Курганска инвазиона теорија” сеуште премногу им одговара на Западноевропските новокомпонирани империјалисти за да биде повлечена поради напредокот во науката. Според нивната Холивудска „Курганска Теорија” сите се дојдени од некаде и никој не е од никаде, што им остава слободен простор на Западноевропските империјалистички кругови за манипулација со историјата, а со тоа и на широките народни маси.

(продолжува)


[1] Праисториска Прото-Индо-Европска култура која се протега воглавно во етничките и географски граници на Македонија. Ho поради модерните гео-политички деформации на Балканот локалните разграноци на оваа првобитна група во соседните эемји се нарекуваат со различни локални имиња во Грциа се нарекува „Прото-Сескло култура”, во Србиа „Старчевo-Винчанска” , во Бугарија „Караново културата”, и т.н., a во Р. Македонија срамежливо почнува да се употребуваат термините „Породинска” и „Анза-Вршник Култура”.


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top