Коментари

Велепредавството и политичкото самоубиство на опозицијата

Vlatko_Bileski

Vlatko_Bileski
Влатко Билески

Нашиот аманет, нашата завештина – Македонија.

Никој да не се лаже дека ќе ја види нашата Македонија разнишана, ниту на економски ниту пак  на политички план. По превземањето на власта во 2006 година, под раководство на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, Македонија почна да се афирмира на глобалната сцена дури и во периодот кога светот го зафати економска криза. Најдобар показател дека Никола Груевски се движи во вистинска насока е токму довербата што народот му ја даде на последните неколку парламентарни, локални и претседателски избори. Овој пат по кој сите заедно чекориме  нималку не е лесен и е исполнет со исклучитено тешки препреки.

 Ние Македонците мораме да успееме да опстоиме да не исчезнеме.

Токму тоа е мотивот и силата со кои  Груевски ја води Македонија во уште пожестоки битки за опстанок на македонскиот народ и за создавање на подобри услови за животот на граѓаните.

Македонија е успешна приказна, била и ќе биде. Како што денес на нашите деца и внуци им се раскажуваат битките на Илинденците, на членовите на Македонската револуционерна организација, така еден ден и оваа битка ќе биде приказна напишана со златни букви во историјата.

Македонија е се што имаме. Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска.

Македонската приказна упешно се пренесува од поколение на поколение. Огромни успеси, но и тешки падови, светли моменти, надежи и разочарувања. Сето ова е вткаено во тешката историја на Македонија. Денеска сме среќни што сме успеале аманетот на основоположниците на ВМРО да го зачуваме и што е уште поважно да го пренесеме на денешната младина која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО- како автентична македонска идеологија.

Со голем труд успеавме Македонија да биде на пиедесталот, храбро и достоинствено и дадовме нов елан како што треба за една држава. Денес со голема гордост Македонецот верува во самиот себе и го штити сопствениот род за опстој и развој на својата нација, не само денес, благодарение на цела плеада македонски револуционери кои вложија сe, а некои  го дадоа и својот животот за татковината.

Македонија денес застанува на стабилни нозе и покрај вазалствата и предавничките предрасуди  што некои опозиционери подпомогнати од надворешни фактори кои не и мислат добро на Македонија сакаат на секој начин да и наштетат и да ја обезличат. Факт е дека неможат да се помират дека некој од нив е поуспешен и подобар, едноставно дека некој знае да работи за народот а не само да го експлоатира и во недоглед  континуирано уништува . Да не заборавиме за време на транзицијата односно нивното владеење ја уништуваа и обезвреднуваа македонските економија се што беше македонски бренд го сотреа и не само тоа го променија  уставно име го променија државното знамето на Република Македонија. Сето ова е со една цел задоволување за нивните лични интереси и интереси  на друга држава за разнебитување на се што е македонско, но тоа е велепредавство кое е извршено врз нашиот напатен македонски народ и македонската држава.

Родот наш македонски е со силна желба и не запира, никогаш не умира тој живее во секој од нас. Македонците што се не преживеале –  ќе ги преживееме и овие турбуленти времиња, непрекинато некој се обидува да ни го одземе нашите вредности и самопочит, да ни го одземе правото на свое определување.  Денес повторно некој сака да не натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите претци, да заборавиме на македонството и да не мислиме на иднината на нашата држава. Во историското минато поделеноста и неединството е во колективната свест на македонците и е една од главните причини што Македонија не ја има остварено својата државност. Виновни  за ваквата ситуација се подлите подметнувања и форсирања на неколку несозреани квази-политичари, со поттикнување на некакво незадоволство. Историската можност за реализирање на националните интереси е единството и сплотеноста како народ кој треба сите заедно да се бориме без разлика на која политичка опоненција припаѓаме, ние сме МАКЕДОНЦИ по род и такви ќе останеме.

 Да му заблагодариме на Бога, и на сите македонски генерации кои како аманет ни ја предаваа нашата МАКЕДОНИЈА и достојно да ја пренесуваме и ние на идните поколенија, благодарност на судбината што не одбра токму нас, и генерациите предводени од Премиерот Никола Груевски кој како апостол не поведе по патот кој води до целта на Македонецот. На нашата држава и е потребна поддршка од

опозицијата, арно ама таа треба да биде конструктивна и консолидирана .  Конечно треба да престане да се однесува недолично и анти државно и да ги сити нашите душмани. Со ваквиот однос ми наликува на размазено дете.

Македонија како никогаш досега станува ранлива токму од своите одродници опозиционери.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top