Коментари

Од нелегално прислушуваните разговори на Заев, најмногу губи МАКЕДОНИЈА

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Македонскиот народ долго не памети вака некој да ја оцрнува својата татковина, како што тоа го направи З. Заев и неговите соработници. Во желбата да се дојде по секоја цена на власт, тие со „валканите бомби“ ја испоганија земјата и извалкаа се` што е свето кај македонкиот народ. Додека медиумите пишуваат за блуениците на Заев, неговите странски нарачатели задоволно се смешкаат и се спремаат да го зададат следниот удар кој има за цел разнебитување на македонскиот народ и држава.

Сепак валканиот бомбаш, кој е спремен со своите соработници да соработува со странски фактор, да го свитка грбот и да го смени името, да практикува улична демократија само за да дојде на власт, заборави на неколку работи.

Со овој чин човекот сам се обележа и се запиша на листата, уште еден предавник на својот род. Македонскиот народ е толерантен, но, никогаш нема да заборави на неговото плукање по сопствениот народ и држава. Тој заработи презир и кај поголемиот дел од младите членови на неговата партија кои си ја сакаат државата. Тие, исто како и ние, би дале се` за Македонија. Потврда за ова е апстиненцијата на (не) присуството на членството во универзална сала.

Навистина, Заев е греотичка, кога и по толку напишани книги по историја не разбрал една многу важна работа дека ниту Османлиите, ниту нашиве соседи, не излегле на крај со ВМРО. А тој се надевал дека ќе го сруши. Бог да чува!

Заев со својата подготвеност да ја дестабилизира земјата само за да дојде на власт, ги доби сите симпатиите кај нашиов јужен сосед, кај еден Амбасадор, еден педер и кај некои радикални елементи од Албанците кај нас и во Косово. Сите тие мислат дека сега е време да се реши проблемот со името, дека сега е време на македонскиот народ да му се наметнат нови услови кои водат кон негово разнебитување.

Од нелегално прислушуваните разговори на Заев, најмногу губи МАКЕДОНИЈА, оваа за која илјадници Македонци се бореле, а голем дел го дале животот за да ние денес слободно живееме во овој дел од нашата Македонија.. Со своите валкани “бомби“ и неразумна политика, оваа партија ја оддалечува Македонија од ЕУ, внесува сомнеж кај инвеститорите кои вложуваат свој капитал во земјата, но, затоа пак ги зголеми и апетитите на албанските екстремисти и оние кои сакаат да ни го сменат името.

Слично како што еврејската држава го чекаше своето создавање 2.000 години, така и Македонија чекаше повеќе од 1.000 години на создавање на своја држава. Како што Евреите се бореа и се борат за својата држава, така и ние треба да продолжиме да се бориме. Треба да учиме од нив како да ја сочуваме со многу крв создадената државава, а ќе ја сочуваме.

Сепак, и покрај сите опструкции, Македонија ќе испадне победник, затоа што со овие предавства нашата држава се челичи. А, македонскиот народ и Македонија како држава опстојува и така ќе биде во иднина – држава запишана во Библија не може некој денес да ја избрише.

Со исклучок на мал број гладни и жедни за фунции, македонскиот народ уште повеќе се сплотува и ги поддржува позитивните реформи и промени кои ги воведува Премиерот Никола Груевски. Тој сака развој, нови вработувања, а не конфликти. Македонскиот народ не сака уште еднаш да види како се лее македонска крв, за да некој “љангач“ на недемократски начин дојде на власт. Затоа и ние, стари и млади, ќе покренеме иницијатива за борбата да биде уште поголема, но и пократка, зошто ако сите знаеме дека се бориме за квалитетот на нашиот живот, а со тоа и за квалитетот на животот на нашите деца, нашите внуци и идните поколенија, никој нема да не` сопре во тоа! Само сите заедно можеме да ја постигнеме целта.

Многу млади Македонци сега уште повеќе сакаат да го продолжат веќе започнатото, да го продолжат патот кој го трасираа многу генерации пред нас и на крај да ја видат Македонија економски силна држава, членка на ЕУ и НАТО. Затоа младите ја сакаат ВМРО-ДПМНЕ, затоа што оваа модерна партија се залага за таква Македонија.

И на крај „ПОБЕДНИЦИ ПОСЛЕ ОВИЕ “БОМБИ“ ќе бидеме сите ние кои ја продолжуваме идеологијата на четирите букви, ние заколнатите пред Библијата, ножот и револверот, победници ќе бидеме сите, без разлика на вера и нација: Македонци, Срби, Албанци, Турци, Роми, Евреи,…кои искрено сакаме, да има мир, а не конфликти во Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

To top