Коментари

Амстердамски каубојци

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Што ќе беше ова луѓе?! Амстердамска тројка… не барем продаваат дрога или камикази што ќе уништат три империи и најпосле ќе направат харикири во знак на љубовта кон земјата или организацијата. Така некако “опасно” делуваат соодветно со името. 

Шегата на страна, ама овие три стуџерс што би рекле Англичаните, се изпозанесоа и тоа тотално до даска. Се треснаа од земја веќе за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ и воопшто за иднината на сите и идни Македонци, па сега треба да ги овековечиме во историјата. Да, само на кој начин ? 

Јас лично се познавам со Јове. Татко ми и татко му се земјаци, двајцата свиреа на хармоника, како јас и Јове што свиревме на хармоника, со тоа што јас прејдов на гитара, бас гитара, рок групи па се` така до џез и џез рокот. Да се разбереме, јас го паметам Јове како добро паметно и интелегентно момче, кое шибаше напред со хармониката и факултетски образован кој ете дојде да биде и Професор на Факултет. Беше од првите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што рака на срце не смее да му се одземе статусот. 

Мојот контакт со него беше повтоно конеткиран преку Интернет и социјалните мрежи, откога јас нели се преселив во Австралија. Првите мои “совети” кон него беа дека во Македонија се фотографира и е во друштво со еден од најголемите растурачи на МПЦ и Македонија, кој живее и делува во Австралија, истовремено му ја раздлабочив врската на тој изрод со грчкото лоби и заедно со Панмакедоники се рака под рака за непризнавање на МПЦ и Македонија пред австралиските власти. ЈОВЕ МЕ “УБЕДИ” ОТИ НАВОДНО ЕДНО КАФЕ И ВЕЧЕРА СО РАЗМЕНИ НА МИСЛЕЊА НЕ БИЛО НА ОДМЕТ. Така нивниот сојуз беше толку јавно претставен, што не можеа да се кријат и се манифестираше на нивните Фејсбук профили. 

Но, најтрагично кај Јове (а воедно и кај СДСМ) е една мизерна лага што сакаат да ја провлечат секаде е како Груевски и Мијалков крадат и испокрале толку многу што на крај ќе испадне дека тиа двајца се најбогати на цел светот и во цела Галаксија воопшто. Знаејќи како одат работите, први за тоа дознаваат светските независни медиуми, кои нудат вистинско богатство, милиони евра или долари… ДОКОЛКУ Е ВИСТИНА И ИМАТЕ БИЛО КАКОВ МАЛ ДОКАЗ. Тогаш тие се незапирливи и рушат се` пред себе. За жал… никој досега, освен соросоидните кретени на Милчин и компанија кои за соросовите долари ќе се заколнат дека се родени од мајмун, а не од човечка раса, никој жив досега ни спомнал ни ќе напише во врска со тоа. Умре времето кога еве ти милиони долари, па некој ќе краде, поткраде. Сега кредит кога добиваш, мора да праќаш извештај таму кај што ти дале кредит, па да видите како тие чешлаат и за 20 евра. Ќе те дознаат сите медиуми и јавни светски организации и ајкули што јадат пари и живи луѓе. Мучки се прават во време на војна, како 2001 и Бранко е тука мајстор со СДСМ, затоа што ќе дрпаат, лапаат и направат далавери па после ајде докажи. Што би рекла Мирка, овие фингирани војни се само за криминал и продавање на се живо македонско. 

Знам едно, на сите душмани не им помина болката дека татко му на Сашо тогаш ја преигра ЈНА. Но знам дека и нашите браќа од Егејска Македонија, на чело со Груевски и Мијалков, се голема мета и нишан на нашите душмани и комшии. Се` додека не слушнам од странски независни новинари со големо педигре дека Груевски и Мијалков згрешиле, дотогаш можете сите да лаете и да се гоните… Знаете каде. За Амстердамската малоумна “патриотска” тројка имам само една порака: На многу луѓе (на СДСМ и комшиите) не им одговараа патриоти и големи македонски синови како Гоце, Даме, Богдановски, па се` така до Александар Македонски, но најтрагичното е што не веруваа и не веруваат во Исус дека постоел и постои, па го негираат дури и него… ТАКА И ВИЕ АМСТЕРДАМСКИ КАУБОЈЦИ, НЕ ВЕРУВАТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ВИСТИНАТА И БОГА.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

To top