Коментари

Одлуката низ Македонија да поминува гасоводот „Турски тек“-нова студена војна меѓу Западот и Русија

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Одлуката низ Македонија да поминува гасоводот „Турски тек“, ја стави земјата на линијата на судирот на „новата студена војна“ меѓу Западот и Русија. Политичката криза и настаните во Куманово, каде македонските безбедносни сили неутрализираа терористичка група, се обид на Западот да ја спречи пенетрацијата на Русија на Балканот. Начинот на однесување на САД, ЕУ и НАТО, како и известувањето на западните медиуми за кризата го потврдуваат тоа.

Водејќи се пред се` од сопствените економски интереси, Македонците предводени од премиерот Никола Груевски ја прифатија изградбата на гасоводот „Турски тек“, кој треба да му донесе благосостојба на македонскиот народ. Меѓутоа, токму прифаќањето на гасоводот доведе прво до прикриени закани од Западот, за да потоа да продолжи со политичката криза и терористичките закани во Гошинце и Куманово.

Слично сценарио кое е веќе видено во други земји (Турција, Грција, Украина и др.), почна да се реализира и во Македонија, благодарејќи на амбициите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој без демократски избори сака да дојде на власт. Токму неговата амбиција беше причина, странски служби да му дадат креирани прислушувани разговори за да предизвика политичка криза и дестабилизација на земјата. Но, откако се виде дека нема капацитет да го повлече поголемиот дел од македонскиот народ и покрај обилната поддршка на Соросовата фондација и нејзините експозитури во медиумите и невладиниот сектор, се случија Гошинце и Куманово.

Настаните во Куманово, каде во борба со една од најопасните терористички групи загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили, покажаа дека Западот е спремен во Македонија да примени Украинско сценарио, само за да се спречи влијанието на Русија на Балканот. Не случајно по средбата со премиерот Груевски, амбасадорот на САД Џес Бејли во име на САД и најмоќните европски држави, наместо во заедничката изјава да покаже поголема солидарност со земјата во нејзината борба против терористите обучувани на Блискиот исток, во десет клучни точки беше нападнат премиерот за недемократичност, бидејќи не го олеснува спроведувањето на “обоената револуција“ во неговата земја.

Ваквото соопштение, всушност беше порака до Македонија или да се откаже од гасоводот и бенефитите кои ги носи или да се соочи со “обоена револуција“ по примерот на „Евро-мајдан“ и неконвенционална војна со Албанците. Покрај соопштението, за да бидат поуверливи, нивните контролирани медиуми на Балканот, веднаш испратија нова порака за создавање на Голема Албанија, најавена за 2016 година.

Како продолжение на овие опасни политички игри, ден пред митингот на опозицијата, нивниот пријател, албанскиот премиер Еди Рама, во Подградец ги собра лидерите на ДУИ, ДПА, Движењето за реформи во ДПА, Националната демократска преродба и Движењето БЕСА, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Сеља, Весел Мемеди и Билал Касами. На средбата присуствувале и претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, како и министерот за надвроешни работи Дитмир Бушати.

Меѓутоа, иако состанокот дава слика на сплотеност на Албанците, кои се спремни да станат на секој знак на господарот, настаните во Куманово покажаа дека албанскиот народ не сака да војува против Македонците. Исто така, иако поделени, најголемиот дел од Македонците застанаа зад Груевски и покажаа воља да се спротивстават на желбите на Западот. Тоа се потврди и на протестите на опозицијата која на 18 мај едвај собра 20.000 луѓе.

Сепак, како што велат познавачите на состојбата, Македонија дури сега ќе биде исправена пред сериозни предизвици. Новинарот на руската новинска агенција „Спутник“, Андреј Корибко кој ги следи состојбите на Балканот, за настаните во Македонија вели:

„Македонија сигурно може да очекува уште насилни провокации, бидејќи САД нема да се откаже од своите планови лесно. Им честитам на сите Македонци за смирената и мирна реакција на постоечките провокации, а мојата почит ја упатувам и особено за албанската популација за тоа што досега го избегнува однадвор наметнатото искушение за голема Албанија. Но, гледам дека Западот го зголемува притисокот врз сите Македонци, а особено врз етничките Албанци, со цел да се обидат да го поделат општеството…“

Меѓутоа, „Ако комбинацијата од обоена револуција и неконвенционална војна не успее да ја собори владата, тогаш тие се надеваат дека произлезениот хаос може да креира изговор за формална воена интервенција на НАТО. Тоа сценарио би вклучувало интервенција од типот на бомбардирањето на Србија во 1999, но поради тоа што се работи за мала земја и големата густина на албанска популација на границата со Голема Албанија (Албанија и Косово), поверојатен е воено поефикасен модел што вклучува конвенционални албански трупи под чадорот на НАТО бомбардирање. Ова може да биде дополнето со бугарска “хуманитарна интервенција” со цел окупирање на дел од македонската територија како награда за бугарската улога во пропаѓањето на Јужен поток. На крај, сето ова може да резултира со бугарска и/или албанска интервенција, смена на власта, промена на името и поделба на земјата помеѓу Албанците и Македонците – вели рускиот новинар Андреј Корибко.

На крај тој заклучува дека „Западот без сомнение лансира опасна информативна војна против Македонија која носи со себе закана за насилство и можна воена окупација. Случувањата во Македонија не се граѓанска војна или анти-владино востание, туку претставуваат дел од поголема војна на Западот против Русија и Балканскиот гасовод, војна која за жал ја направи Македонија земја заложник и следна цел за гео-политичка егзекуција на Западните сили“.

Дел од таа информативна војна е и најновиот извештај на ЦИА во кој се вели дека: „Ако САД и по терористичките напади во Куманово продолжи со политиката на безрезервна поддршка на Албанците, ако ЕУ и понатаму премолчено минува преку оживувањето на пректот „Голема Албанија“, тоа би можело да доведе до формирање на православен сојуз на Србија, Грција, Бугарија и Македонија, а можеби и до Трета балканска војна“! Односно, се предупредува дека секоја понатамошна силна поддршка на Албанците би ги турнала православните во прегратка на Русија, па поради тоа се предлага на американските власти рамнотежа на Балканот.

Дека работите не се наивни, говори и соопштението на руското Министерство за одбрана во кое се вели дека „девет бродови на руската и на кинеската морнарица почнаа во Медитеранот заеднички воени маневри кои ќе траат до 21 мај“.

Во овие кризни моменти, кога се потврдува дека бомбите на Заев се креирани од странски служби, со цел дискредитација на македонските институции и дестабилизација на земјата, потребно е обединување, сплотеност на народот на Македонија, без разлика на етничка, верска, политичка или друга припадност, смиреност и целосна будност. Само така може да ги пресретне и да парира на сите сценарија кои доаѓаат од една или друга страна.

Обединување и сплотеност македонските граѓани покажаа на 18 мај, според сите проценки, од направените снимки на митингот, на собирот биле присутни повеќе од 100.000 луѓе, што воедно тоа беше и еден од најмасовните во историјата на Македонија.

Над 100.000 обединети Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми и други припадници на етничките групи од пред Собранието на Република Македонија испратија силна порака до светот каква политика поддржуваат и каква држава сакаат.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top