Коментари

Македонците ни за пари не ја менуваа својата македонска национална свест

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Решениата на Санстефенскиот договор за мир (март 1878), како и на Берлинскиот конгрес (13 јуни – 13 јули) не ги исполнија очекувањата и преставуваа неправда за македонскиот народ. По останувањето на Македонија во рамките на Османската империја, Турците за да го спречат она што се случи во Босна, будно внимаваа на Македонија. Тие беа готови на секое безумие, па оваа состојба ја користеа агентите на српската, бугарската и грчката пропаганда за кодошење на Македонците кои се погласно ја искажуваа својата македонска национална свест.

Македонците кои не сакаа да бидат ни со Патријаршијата ни со Егзархијата беа изложени на невиден притисок како од пропагандите така и од турските власти. Со оглед на фактот дека верата имаше главна улога во Османската империја, Македонците не можеа да бидат признаени како посебен народ, бидејќи по укинувањето на Охридската архиепископија (1767) немаа своја црква. Во турските дефтери каде што поданиците беа запишани според верската припадност не постоеше македон-милет, па секое барање да бидат признати како Македонци беше одбивано и турските власти ги упатуваа на веќе постоечките цркви, Патријаршијата и Егзархијата. „Ако си Славјанин, еве ти ја Бугарската егзархија, ако си Грк, еве ти ја Грчката патријашијата. Трета црква нема, па според тоа нема ни трета народност.“ им велеа преставниците на османлиската власт на Македонците.

Во такви околности, и покрај сите притисоци, населението во епархиите во Македонија бараше возобновување на Охридската архиепископија и во училиштата наставата да се изведува на македонски јазик. Во 1896 година, според тогашниот конзул Ристиќ, 10 македонски ученици во Скопје барале од учителот наставата да се изведува на македонски, а не на бугарски јазик, по што биле обвинети дека шират српска пропаганда. Учениците им раскажале на граѓаните дека на таквите обвинувања од страна на учителот му одговориле дека не се Срби, ниту пак тој можеше да докаже дека се Бугари. Во меѓувреме, во Солун дошло до голем расцеп меѓу македонските и бугарските учители, што предизвикало голема вознемиреност во Егзархијата.

Појавувањето на зголемен излив на македонската национална свест кон крајот на XIX  век се сретнува и кај македонската емиграција. Во Бугарија весниците „Македонија“, „Малешевски балкан„, „Автономија“, „Глас македонски“ и други, се полни со статии во кој се изјавува дека меѓу македонскиот народ нема ни Срби, ни Бугари, ниту пак Грци, туку само Македонци, а во Шаховата „Македонија“ од 19 август 1889 година во статијата „Мислење за решавање на македонското прашање меѓудругото стои: „Ние не можеме да бараме свое спасување, … ни како Грци, ни како Срби, ни како Бугари, туку како Македонци..“

Се погласното искажување на макадонската национална свест ќе го сврти вниманието на светската јавност. Во 1890 година, Русинот Комаров издава етнографска карта, во која Македонците ги одбележува со посебна боја од Србите, Бугарите и Грците. Австријанецот Карл Хрон, кој на лице место ја утврдува вистината за македонските славјами, ја изнесува во својата студија „Народноста на македонските славјани“, издадена во Виена во 1890 година. Сето ова како и претходно издадената студија на П. Драганов за самобитноста на Македонците ќе предизвикаат жива дискусија во европската јавност, но и уште помасовно истапување на македонскиот народ во барање на своите права.

Србија, Бугарија и Грција дури тогаш ќе сватат дека ниту сите пари дадени за пропаганда (цркви, училишта, книги, како и за поткупување на одделни видни личности) не можат да го сменат идентитетот на Македонците и од нив да направат Срби, Бугари или Грци. Извештаите кои Србија во тоа време ги прима од своите преставници од Македонија го говорат следното:

„Точно е дека многу Македонци, особено оние повлијателните по општините, обемно ја користеа оваа “дарежливост“ на странските пропаганди и бараа за работа добро да им се плати, исто како што за своите услуги бараа и Турците. Но, ни Бугарите, ни Грците, ни Србите не успеаја од нив да создадат Бугари, Грци или Срби, туку по примените пари се чуствуваат толку Срби, колку што се денеска Бугари или Грци.

Многу преставници по општините, па и поединци, ги користеа овие судири и настојувања на наведените пропаганди, зошто знаеја дека таму каде што се води борба на пропагандите, тука има и лична корист, на што најмногу ги научи бугарската и грчката пропаганда. Со оглед на тоа што кај овие Македонци, немаше ни бугарски, српски или грчки патриотизам, никој не сакаше да работи бадијава. Нивните барања често ги преминуваа и можностите а самите пропаганди, па беше полесно да се работи со Турците отколку со Македонците.

Знаејќи дека многу полагаме на училиштата, сега кога требаше да се потпишат молбите за отварање на училишта, бараат исплата на досегашните плати и на некои сметки… Крушевската, …јасно ни кажа дека нема да поднесе молба за училиште, ниту ќе дозволи други да потпишат, додека не им се исплати она, што според нивните сметки, треба да го примат, на име на плата и направени трошоци.

За да извлечат што поголема корист од разните пропаганди и да добијат пари бадијава од кој и да е, тие често се покажуваат како сиромашни и го прикриваат својот капитал, како што тоа го правеше црковно-училишната општина во Струга, а имаше капитал од 200.000 франкови во скадарската штедилница.“

Виталноста и итрината која ја покажаа Македонците, ги изненади лидерите не само на српската туку и на бугарската и грчката пропаганда, кои сватија дека ниту со пари не можат да направат Срби, Бугари или Грци, односно да го сменат идентитетот на македонскиот народ. Напротив, ваквото однесување на пропагандите, притисоците кои ги правеа врз обичниот македонски народ, само ја зголемуваа омразата кон нив и го потикнуваа уште повеќе истакнувањето на македонската посебност, за што постојат премногу докази.

Тоа ќе ги натера лидерите на тогашните пропаганди да го смената своето однесување за да го придобијат македонскиот народ, но и тоа ќе остане безуспешно. Затоа е денес чудно кога од некогашните пропагадни центри повторно некои од соседите на ист или сличен начин се обидуваат да го негираат македонскиот народ или од него да направат нешто не е. Тие никако не ја научија лекцијата од минатото дека ни со пари, ни со стипендии, ни денес со пасоши неможат да ги сменат Македонците и да направат од нив Срби, Бугари или Грци.  

(извор. Д.Т. Раѓање на македонската нација, Скопје 1966, стр. 287 )

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top