Коментари

Манифест за обединување на цела Македонија во една држава


Свекрва

Положбата во која се најде македонскиот народ по Бокурешкиот договор 1913 година, поделен меѓу своите соседи и поставен во услови на воени режими, не овозможуваше на организиран начин да ја изрази својата воља. Воените и полициските сили во окупираните делови на Македонија физички го потиснуваа и задушија политичкото делување во земјата. Меѓутоа, и покрај ваквата состојба во земјата, светот беше запознат со стремежот на македонскиот народ. Овие барања биле изнесувани од македонската емиграција, особено во Швајцарија и Русија, која далеку од окупаторите можеше послободно да го изразува стремежот на Македонците.

Со почетокот на Првата светска војна 1914 година прашањето на Македонија повторно стана актуелно. Војната создаде илузија кај некои кругови во македонската емиграција, дека таа ќе доведе до остранување на неприродното распарчување на Македонија и дека  ќе овозможи нејзино конституирање во посебна државна организација на Балканот.

Венаш по нападот на Австро-Унгарија на Србија, Крсте П. Мисирков во својство на преставник на Македонија, во говорот одржан на 6 август 1914 година на Сеславјанскиот собир во Одеса, побарал во име на придонесот што го дава македонскиот народ во борбата против „здруженото германство“, да се упати „Манифест за обединување на цела Македонија во една држава“.

Македонија, оваа друга Полска, има исто така законско право на манифест за обединување и обновување на царството на царот Самуил и кралот Волкашин“, вели Мисирков, опишувајќи ја борбата на македонскиот народ против турското ропство во поновата балканска војна, како и борбата за одбрана на „славјанска Србија“ од австриската војска на најопасните места, на бреговите на Дрина и Сава“.

Во текот на целата прва година на Првата светска војна, македонската група во Русија развивала  жива политичка активност. Целта и била да ги афирмира правата на македонскиот народ на самостоен живот, на сопствена национална држава и да со тоа ги елиминира опасностите кои со себе ги носат комбинациите на големите сили со цел да ја поделат Македонија.

Крсте П. Мисирков во својата статија од мај 1915 година, која ја објави списанието „Славјани“, под наслов „Борба за автономија“, бара „не ново распарчување на македонската земја, туку создавање на автономна Македонија“.

Со изнесување на аргументи на резултатите на револуционерната борба на македонскиот народ, Мисирков бара од Русија, Енглеска и Франција да се ангажираат за ослободување на Македонијакоја во културен поглед е на далеко повисок ниво, отколку што биле соседните држави десет години порано кога ја стекнале својата независност“.

„Автономијата на Македонија би била најдобро решение на македонското прашање, како за самите Македонци, така и за Србија, Грција и Бугарија и за европскиот мир“ – заклучува Мисирков.

Напорите на македонската група за се здобие со прврзаници за своите цели во текот на првата година од почетокот на војната не останаа залудни. Нив ги приватила и ги поддржала специјалната комисија на „Советот на друштвото на славјанската заемност“, во која членувале видни руски општественици и јавни работници. Иваа организација на својата седница  одржана на 8 јуни 1915 година во Петроград донела „Резолуција за македонското прашање“.

Во оваа резолуција се изнесуваат истите програмски цели во двата референдима од пред Втората балканска војна со тоа што во нејзината содржина се води сметка за новите моменти настанати со поделбата на Македонија. Во Резолуцијата со која во целост се афирмира залагањето на македонската група во Русија, меѓудругото се вели:

1. Најправедно решение на проблемот е да се образува целокупна и независна Македонија со издвојувањето на деловите заземени во 1913 година од Србија, Грција и Бугарија. На тој начин, од поделената на три дела на оваа многу напатена земја ќе се создаде единствена целосна  држава која ќе биде во положба слободно да се развија како самостојна единица.

2. Вакво решение на проблемот, не ги повредува ни српското, ни бугарското, ни грчкото национално чуство, одговара на најдлабоките желби на македонскиот народ и не им противречи на широките животни интереси на соседните држави.

Следејќи го развојот на политичките настани во Русија и приспособувајќи го своето дејствување спрема создадените општествено-политички услови македонската група во Петроград во текот на револуцијата во 1917 година во Русија ќе образува „Македонски револуционерен комитет“.

Верен на традициите на Македонското литературно друштво, како и врз основа на долгогодишната политичка активност за решавање на македонското прашање, овој комитет ќе излезе со програма во која ќе ги изложи своите погледи за уредување на Балканот и во тој склоп решавање на македонското национално прашање. Појдовна точка на оваа програма е со заеднички сили на балканските народи да се создаде „Балканска федеративна демократска републиа“ составена од следните федерални републики: Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Тракија.

Во програмата била развиена внатрешната автономија на оделните републики на стопански, културен и национален план, загарантиран е слободен развој и на оделните национални и етнички групи и предвиден таков политички систем на федерација кој елиминира секакви можности за мајоризација, за културна, економска и друга дискриминација. Оваа програма го прескокнува времето и просторот во кој се појави и денес тоа го гледаме во Европа.

(извор: И.К. „Од минатото на македонскиот народ“, Скопје,1969, стр 207 – 208)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top