На прво место

Апел за набавка и транспорт на мермерна плоча од Прилеп  до Полска

Почитувани пријатели, поддржувачи и сите хумани луѓе од Македонија и дијаспората,

Петро Алексовски, автор на документарниот филм „Македонец“ и изложбата „Драга мајко“, започна значаен проект за изградба на мал споменик во градот Полице, Полска – во чест на македонските деца-бегалци кои по Граѓанската војна во Грција биле згрижени таму.

Во прилог е прелиминарниот дизајн (концепт) за спомен-плочата што е планирано да биде поставена на камен од прилепски мермер.

Во Полице некогаш престојувале околу 1.750 македонски деца-бегалци. Денес, локалните власти активно ја поддржуваат иницијативата со желба историјата и судбината на Македонците во нивниот град трајно да останат запаметени. Во рамки на проектот веќе беа организирани проекции на филмот и изложба посветена на оваа тема.

Филмот „Македонец“ е документарно сведоштво за раселувањето на македонските деца од Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција, на кои подоцна им било одземено правото да се вратат во своите родни домови.

Главен лик во филмот е Мито Алексовски, кој како деветгодишно дете бил принуден да го напушти својот дом и своите родители. Неговиот син Петро Алексовски, режисер на филмот, патува во Грција во потрага по корените, спомените и трагите од семејниот дом.

Филмот беше прикажан во Европскиот парламент, во повеќе земји низ светот, како и во Грција, а неколкупати беше емитуван и на полската телевизија.

Изложбата „Драга мајко“ претставува продолжение на филмот и сведоштво за судбините на македонските деца-бегалци депортирани од Грција во 1948–1949 година, како и за полските семејства кои им помогнале. Таа содржи 17 панели со фотографии и архивски материјали собирани со години од авторот Петро Алексовски и претставува искрен израз на благодарност кон Полска за спасувањето на македонските деца.

Покрај изложбата и филмот, годинава започна и проектот за изградба на споменикот во Полице. Планирано е спомен-плочата да биде поставена на камен од прилепски мермер, како симболична врска со Македонија и траен спомен на македонските деца-бегалци.

За реализација на проектот потребна е поддршка за набавка и транспорт на мермерот од Прилеп до Полска. Според проценките, трошокот изнесува околу 2.000 евра.

Ги повикуваме сите луѓе со добра волја, компании, иселеници и поддржувачи на македонската историја да се вклучат како спонзори и помагачи во ова значајно историско сведоштво.

Секоја помош е добредојдена и ќе претставува траен белег во чест на македонските деца-бегалци.

Заинтересираните за поддршка и повеќе информации можат да стапат во контакт со Петро Алексовски, кој живее во Полска.

Petro Aleksowski
tel: +48 603 656 454

petro.aleksowski@gmail.com

Најново од: На прво место

Европската Атлантида: Македонија – изгубениот „папок на светот“ што се обидоа да го избришат

„Македонска нација“ со особено задоволство ѝ го претставува на македонската јавност документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на светот’ во земјата што се обидоа да ја избришат“. Станува збор за прекрасен и исклучително вреден документарец, кој преку впечатливи снимки, историски сведоштва и археолошки локалитети ја раскажува приказната за Македонија – земја со длабоки цивилизациски корени, […]

Мицкоски: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Премиерот порача дека реконструкцијата на Владата не е казна, туку продолжување на политиката на резултати, при што им се заблагодари на министрите за нивниот придонес и најави нова фаза во реализацијата на владината програма. Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на 112. седница на Собранието посветена на реконструкцијата на Владата, истакна дека функцијата никогаш не смее […]

Султан Раев: Македонија е нераскинливо поврзана со Александар Македонски и со почит ја чува својата историја

Генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура – ТУРКСОЈ, Султан Раев, ја истакна длабоката почит што македонскиот народ ја покажува кон својата историја, оценувајќи дека токму тоа претставува едно од најсилните обележја на националниот идентитет. Во интервју за МИА, Раев рече дека ова е негова прва посета на Македонија и дека долго време посакувал […]

Собранието денес расправа за реконструкцијата на Владата, на дневен ред разрешувања и избор на нови министри

Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги образложи причините за владината реконструкција, а пратениците ќе одлучуваат за повеќе кадровски промени во извршната власт Собранието денеска ќе ја одржи 112. седница, на чиј дневен ред како централна точка е реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на повеќе министри и заменици-министри, како и за избор […]

СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за блокада на Изборниот законик

Опозициските партии не се за реформи, туку за политичка блокада и создавање алиби поради страв од изборен пораз СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку продолжување на политичките блокади. Иако со месеци учествуваа во разговорите и во усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне конечен […]

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „Стрип центар – Стрипот може“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност ЈОШАНИЧКА БАЊА – РАШКА – Од 9 до 13 јули, Јошаничка Бања ќе биде епицентар на регионалната стрип-сцена. Годинава традиционалната, 14. Меѓународна стрип-колонија во Рашка […]

Петровден и Галичката свадба – ден кога Галичник ги венчава верата, љубовта и традицијата

На празникот на светите апостоли Петар и Павле, Галичник повторно оживеа со мијачки носии, бајраци, зурли и тапани, претворајќи ја свадбата на двајца млади во празник на цела Македонија На 12 јули православните христијани го празнуваат Петровден – празникот посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, двајца од најзначајните проповедници и столбови на Христовата […]

Филипче ја обвинува Владата за проблемот што СДС сам го создаде

СДС прифати асиметрична рамка без гаранции, а сега бара Македонија да ја плати цената со нови отстапки Политички е неодговорно Венко Филипче денес да ја обвинува Владата на Христијан Мицкоски дека Македонија не напредува кон Европската Унија, кога токму СДС ја доведе државата во сегашната положба. СДС го прифати таканаречениот француски предлог без цврсти гаранции […]

Најнови вести

To top