Тема: Граѓанска војна во Грција

„Патување кон корените“ – по 20 години доаѓа во Македонија

Од семејна приказна до филм и изложба Пред дваесет години Петро Алексовски, кој живее во Полска, и неговиот брат решиле на светот да му ја раскажат приказната на своето семејство. Од желбата да ги сочуваат спомените и семејното минато постепено се родила идејата приказната да добие поширок живот – преку филм и изложба. Братот починал, […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата. Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните […]

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Потресни сведоштва за теророт врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија

Книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ од Оскар Давичо открива сведоштва за прогоните, злосторствата и масакрите извршени врз Македонците за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година Пишува: Трајче Димков На одбележувањето на Денот на независноста на Македонија и годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, во Штип беше промовирано најновото […]

Спомен за голготата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во манастирот „Свети Јован Претеча“

По 79 години, во селото Слепче, Демирхисарско, се одржа првата спомен-средба посветена на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, кои за време на Граѓанската војна во Грција биле принудени да ги напуштат своите родни огништа. Автори: Ташко Јованов и Тодор Петров Во организација на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија […]

Како беше променет етничкиот состав на Егејска Македонија: војни, преселби и асимилација

Најдлабоката промена се случила меѓу 1912 и 1949 година, преку војни, договорени размени на население, колонизација, протерувања, бегалски движења и асимилациски политики. Важно е да се нагласи дека османлиските статистики населението најчесто го делеле според верата, црковната припадност и јазикот, а не според денешното сфаќање на националноста. Поради тоа, грчките, македонските, бугарските и други историски […]

Македонците на Грамос – хероите на една заборавена епопеја

Информацијата на Коста Морна од 17 април 1949 година сведочи за храброста и саможртвата на македонските борци во Граѓанската војна во Грција Коста Морна, македонски публицист и активист поврзан со НОФ и Демократската армија на Грција, на 17 април 1949 година подготвил информација во која се опишуваат борбите и херојството на македонските борци во битката […]

Апел за набавка и транспорт на мермерна плоча од Прилеп  до Полска

Почитувани пријатели, поддржувачи и сите хумани луѓе од Македонија и дијаспората, Петро Алексовски, автор на документарниот филм „Македонец“ и изложбата „Драга мајко“, започна значаен проект за изградба на мал споменик во градот Полице, Полска – во чест на македонските деца-бегалци кои по Граѓанската војна во Грција биле згрижени таму. Во прилог е прелиминарниот дизајн (концепт) […]

To top