Коментари

КРСТОТ ВО БУТЕЛ Е СИМБОЛ НА СОЖИТЕЛСТВО!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Осветувањето на темелите на крстот во Бутел ќе се изврши на 27 февруари 2016 година (сабота) во 11.00 часот. Поканети се сите верници и добронамерници, сите граѓани на Македонија

25 февруари 2016 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес на 18 февруари 2016 година поднесе иницијатива до Советот и градоначалникот на општина Бутел со предлог одлука за поставување на крст на вкрстувањето на улица “Боца Иванова“ и улица “Александар Урдаревски“, на микролокацијата до кружницата кон Градските гробишта.

Советот на општина Бутел врз основа на барањето на Светскиот Македонски Конгрес на 23 февруари 2016 година, со мнозинство гласови донесе одлука во согласност со Закон. Градоначалникот на општината на 25 февруари 2016 година издаде Одобрение за негово поставување.

Осветувањето на темелите на Крстот во Бутел ќе се изврши на 27 февруари 2016 година (сабота) во 11.00 часот. Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската Православна Црква Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, со свештеници од Скопската епархија. Светскиот Македонски Конгрес на чинот на осветувањето на Крстот ги кани сите верници и добронамерници, сите граѓани на Македонија.

Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На Крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеци од одобрението.

Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на Крстот е донација од правни и физички лица од земјата. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, Крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.

Одлуката во Советот на општина Бутел е донесена со мнозинство гласови во согласност со Закон. Поставувањето на урбана опрема и крст не е прашање по кое се решава и со мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината.

Крстот не е симбол на етничките заедници туку на верските заедници. Крстот е универзален верски симбол и на Македонците и на Албанците христијани.

Крстот во Бутел, ниту било каде, воопшто не претставува порака на Македонците против сожителство со Албанците, напротив Крстот во Бутел е симбол на сожителство, бидејќи Крстот колку е македонски толку е и албански, им припаѓа на сите христијани во светот и во Македонија.

Споменикот на ОНА во Чаир воопшто не е повод за Крст во Бутел. Крстот во Бутел не е дивоградба! Светскиот Македонски Конгрес при поставувањето на Крстот во Аеродром во 2013 година, најави ист крст на неколку локации во Скопје. Сега се обезбедени донатори за Крст во Бутел и во согласност со Закон и одлука на Советот на општината Бутел, тоа се реализира.

Патем, се’ уште е актуелно барањето за Албанска Православна Црква во Македонија.

Во Република Албанија постои Албанска Православна Црква.

Во Република Албанија постои Католичка Црква.

Албанци христијани има и на Косово и во Македонија.

Крстовите и црквите во Македонија не се антиалбанска конспирација и провокација!

Впрочем, 70% од жителите на Бутел се Македонци, 30% од чаирчани се Македонци.

Крстот на локацијата каде што ќе се изгради е патоказ кон вечните почивалишта на упокоените, следејќи го Крстот во Бутел преку Центар и Чаир лесно ќе се стигне до најголемите градски гробишта во Македонија. Крстот во Бутел е благодарност кон упокоените кои не се со нас, но вечно бдеат над нас живите.

Крстот во Бутел е симбол на љубовта и верата во Бога!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top