Коментари

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Е АНТИ-НАЦИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

12 март 2016 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла сите обвинувања за било каква врска со нацизмот и нацистичката идеологија. Македонија и Македонците беа жртви на наци-фашизмот во Втората Светска Војна и водеа анти-фашистичка и национално-ослободителна војна за ослободување и обединување на Македонија и на Македонскиот народ во целина. Анти-нацизмот е позната пракса на СМК и во Еврејската заедница во Македонија, Фондот на Холокаустот и во Светскиот Еврејски Конгрес со кои соработува. СМК досега јавно ги осудувал сите и најмали графитни појави на нацизам и фашизам во Македонија. Обвинувањата на медијаторот Ван Хојте против претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров за нацизам, СМК ги отфрла како беспредметни и неосновани, тоа се опсервации на луѓе кои немаат врска со Македонија и со Македонците!

– Денес добив пристап до мобилен, и покрај здравствената состојба која се подобрува, после операцијата на срце на 9 март 2016 година, му благодарам на Господа за животот, должам одговор пред јавноста, за обвинувањата на забеганиот Ван Хојте за неонацистичката идеологија на моја адреса, поради симболот на мегафонот при моето обраќање на мирниот протест пред МВР на 5 март 2016 година во 13.00 часот. Моето обраќање е најдобар демант на обвинувањата на Ван Хојте. Мегафонот не беше мој, ми беше поддаден од луѓе до мене кои не ги ни познавам, за да ја чујат мојата изјава медиумите пред МВР. Сето останато се конструкции и инсинуации. Тие што добро го познаваат Тодор Петров знаат дека немам никаква врска со нацистичката идеологија. Верувам дека ни тој што ми го подал мегафонот за гласност на изјавата пред медиумите имал претстава дека на него се наоѓа таков симбол за кој и јас првпат слушнав после реакциите во дел од медиумите. Искрено им се извинувам на сите чии чувства биле повредени поради овој немил и ненамерен инцидент, како што и јас сум згрозен откако дознав, – изјави претседателот на СМК Тодор Петров.

СМК ја информира јавноста дека Тодор Петров како независен пратеник уште во 1991 година заедно со академик Иван Дејанов е основач на првото Македонско-Израелско друштво на пријателство и соработка.

Истовремено, СМК упатува јавно прашање до медијаторот Ван Хојте: Каде беше Ван Хојте да изрази запрепастување од физичкиот напад врз претседателот на СМК, за јавно искажан став и верско чувство, осудувајќи го насилството, агресијата и теророт од ДУИ?! Или нему таквиот развој на демократијата во Македонија му одговара?

СМК уште еднаш јавно прашува: Дали идеологијата на Ван Хојте е нацистичка, затоа што во земја за чијашто иднина арбитрираше, на својот ФБ профил тврдеше дека Македонија е грчка сопственост и поставуваше најпогрдни фотографии од Скопје?!

Ван Хојте нека биде запрепастен за масакрите кои неговата земја ги изврши во Африка. И никогаш нека не заборави, дека Македонците не се нацистичка нација, Македонија не е нацистичка држава, Македонија и Македонскиот народ и во Втората Светска Војна беа во Анти-фашистичката коалиција, Македонците заедно со Албанците, Бугарите, Грците и Србите се бореа за ослободување на Албанија, Бугарија, Грција и Србија, и се вградија во темелите на нивната државност, поради што им следат права и слободи како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните!

СМК е запрепастен зошто Македонската Влада се уште не го прогласува нацистот Ван Хојте за “персона нон грата” во Македонија?!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top