Дијаспора

Црквата „Света Петка“ во Сиднеј и нејзиното долго „судско распетие“ (15)

sv-petka-sidnej

sv-petka-sidnej

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Велат дека во Сиднеј е убаво во сите годишни времиња, а посебно во лето кога се расцутени цвеќињата и мирисот се пренесува низ бројните паркови и зелени површини додека капачите уживаат во долгите песочни плажи. Тоа ни се потврди при нашата посета, а се уверивме и дека таа светска метропола нема големо загадување, не само заради поволната местоположба и климатски услови, туку и заради тоа што секој жител задолжително ја чува човековата околина.

Беше сабота, убав топол ден кога видовме сонце на тие простори, бидејќи во предходните неколку дена постојано врнеше дожд. Од непосредна близина на Ботани заливот ги видовме и првите храбри капачи, слично како оние во Охридското Езеро. Исто така, таму го видовме и местото каде за првпат на австралиското тло стапнал капетанот Цејмс Кук и многу други интересни  места покрај океанот.

Инаку, Сиднеј е првата англиска населба на петтиот континент, а денес е најголемото морско пристаниште, град на фјордовите и главен град на државата Нов Јуше Велс. Меѓуоа Сиднеј е познат и потоа што  по Мелбурн е втор македонски центар и место каде се зборува англиски и македонски јазик. Затоа кога се пишува за Сиднеј, тој мегалополис и трговски, административен  и културен центар, или воопшто за Македонците на петтиот континент, неизбежно е да се посети и да не напише за Македонската православна црква „Света Петка“, за големиот, значајниот македонски национален, културно-просветен, религиозен и центар на сите активности на најбројната македонска колонија на тие простори. Таму се сретнавме со голем број пријатели од етничка Македонија, каде авторот на овие редови одржа предавање за историскиот развој на Македонската православна црква.

Црквата „Света Петка“ во Рокдеил, во 2017 година ќе ги прослави своите четириесет години од постоењето и активното работење. Во овој долг период бројни Македонци од сите делови на етничка Македонија се вградиле во тој семакедонски центар. Почнувајќи од првиот Иницијативен одбор до денешната Управа, во кои зеле учество голем број истакнати патриоти, добри Македонци, донатори, домаќини, честити граѓани на Австралија, луѓе за кои црквата им е вториот дом.

sv-petka-sidnej-2

Инаку во аналите на овој македонски дом е забележано дека во пролетта во 1977 година, Одборот за изградба на црквата купи една стара куќа која беше преуредена во македонски храм. Веднаш потоа беше извршено осветување и изведена прва литургија на македонски мајчин јазик од тогашниот ахиерејскиот заменик, прота ставрофор Спасе Стефановски, а во присуство на околу седум илјади Македонци и нивни пријатели.

Меѓутоа, најсветол ден за оваа црковна општина ќе остане 19 февруари 1978 година, кога на новиот објект на црквата беше извршено големото  осветување од страна на првиот поглавар на Македонската православна црква  г.г.Доситеј, во сослужение на тогашниот надлежен архиереј на Епархијата, митрополитот Кирил и поголем број македонски свештени лица, а пред десетина илјади Македонци од сите делови на Македонија и нивни австралиски пријатели.

Македонската православна црква „Света Петка“, што го носи името на девицата и народниот донатор Петка, родена недалеку од Цариград, денешен Истанбул, се наоѓа на една од главните улици на Рокдеил и многу потсетува  на „стариот крај“, како да е „средсело“. Црквата претставува храм каде Македонците доаѓаат да ги задоволат своите религиозни потреби, а претставува и културен дом, во кој се организираат најголемиот број манифестации на Македонците во Сиднеј. Црквата е изградена од фасадна тула, а на северниот дел на храмот е изграден Македонски културен центар „Илинден“, кој заедно со храмот претставува македонски конак во градот на фјордовите. Центарот е доизграден и осветен на 8 јануари 1989 година од тогашниот надлежен архиереј на Епархијата, митрополитот Тимотеј, во сослужение на македонски свештеници и пред околу десетина илјади Македонци, а пред кои настапија повеќе културно уметнички друштва.

Покрај храмот, во долниот дел црквата „Света Петка“ има мала сала која служи за вежбање на играорците и за други манифестации, а има и помошни простории, додека на катот се наоѓа големата сала во која се собираат неколку стотици посетители. Таа служи за одржување концерти, приредби, банкети, венччавки и други црковно треби. Затоа со право може да се рече дека црквата е единствено место кадешто Македонците се чувствуваат како да се во етничка Македонија.

Ова црковна општина е една од најголемите и најзначајните во Австралија во која се одвиваат голем број активности на сите полиња. Во состав на црквата работи Културниот центар “Илинден”, а во минатото таму се печатеше гласилото “Македонски весник”; се емитуваше и радио-час на македонски јазик, се играше и пееше, се другаруваше на македонски начин. Исто така, во црквата се активни Женската секција, како и Детската градинка која е единствена детска установа надвор од Македонија.

Во исто време треба да се одбележи дека од македонската православна црква „Света Петка“ како да отпочнаа недоразбирањата, расколот и судските процеси кои, за жал, се водеа дваесеттина години. Затоа, во аналите на Македонската православна црква тој период ќе остани како црна дамка во црковното живеење не само на оваа црква, туку и на десетина други македонски православни цркви кои оставија значаен белег за црковното живеење на Македонците од сите делови  на Македонија, кои својата иднина ја нашле во демократска Австралија.

vladikata-timotej
Владиката Тимотеј со свештеници и верници во црквата

Меѓутоа, состојбата се измени со формирањето на Сиднејско-австралиската епархија на Македонската православна црква, проблемот се реши на 18. февруари 2016 година. Тогаш, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, го одобри регистрирањето на Македонска православна епархија како правно лице во Австралија, со седиште во Сиднеј.

Светиот архијерејски синод на МПЦ реши да го прифати Статутот на новата епархија во Австралиско-новозеландската епархија со што ќе се помогне да се врати мирот кај верниците. На ваквата одлука и’ претходеа долгогодишни конфронтации меѓу дел од црковните општини и митрополитот Петар, на кого одбиваа да му ги препишат имотните тапии. Со нив сега ќе управуваат избраните управи, но ќе бидат под канонска јурисдикција на МПЦ. 

„Здружението на македонски заедници во Австралија се обврза да го поддржи старателството на имотите на Австралиско-новозеландската епархија. Тоа значи дека имотот ќе припаѓа на нашата епархија при МПЦ и ќе се формира корпорација“, вели  митрополитот Петар. 

Игор Александров, претседател на Здружението на македонски заедници во Австралија, пак, вели дека новата Епархија ќе биде со седиште во Сиднеј во форма на непрофитно здружение на граѓани, сочинето од македонските православни заедници, чии храмови влегоа под надлежност на митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј. 

„Иако Уставот на Македонската православна црква наложува епархиите на МПЦ да бидат посебни правни лица, во согласност со граѓанските закони на државите во кои функционираат, со ова првпат во историјата ќе се случи Македонска православна епархија да стане правно лице во Австралија со одобрение на Синодот на МПЦ“, рече Александров. 

Со ова Одлука се очекува да престанат долгогошишните несогласувања  и „судски распетија“, особено на црквата „Света Петка“, а членките на Здружението на македонски заедници во Австралија сметаат дека со тоа ќе  ги заштити самоуправните надлежности на локалните македонски православни заедници врз своите храмови и други имоти, а притоа да останат во духовно единство со Светиот Синод на МПЦ, во согласност со взаемно прифатените правила и законите и регулативите кои важат за други непрофитни организации кои се регистрирани како правни лица во демократска Австралија.

Авторот на овие редови, како Македонец, како поклоник и чувар на светата Македонска православна црква, како познавач на црковното живеење на Македонците во САД, Канада, Австралија, Европската Унија, во Македонија и во други земји во светот, како прв и скромен непартиски фукционер кој беше на чело на Комисијата за односи со верските заедници во Република Македонија, од почетокот на создавањето како суверена, независна и самостојна држава до денес ги следи и пишува за Македонците во дијаспората. Затоа верувам дека читателите позитивно ќе ја разберат мојата непристрасност во целиот овој долг, штетен и макотрпен спор на долго „судско распетие“ за Македонците во Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top