Коментари

Иванов-државник број еден во Република Македонија!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Доктор Ѓорге Иванов – претседател на Република Македонија, избран за претседател на претседателски избори во Април 2009 година. поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

На фукнцијата претседател на Република Македонија стапил на 12 Мај 2009 година а за втор мандат бил избран во 2014 година.

Претходно денешниот претседател бил професор по право и политикологија на правниот факултет “Јустинијан први” во Скопје.

За тие кои незнаат Иванов е човек кој многу постигнал во својот живот, мислам на професионален план ама и на приватен се разбира.

Иванов магистрирал политички науки најпрво за подоцна во 1998 година докторира. 

Веднаш потоа како добар кадар и професионалец во својата работа бил избран за асистент а подоцна и професор на факултетот во Скопје.

До ден денешен Иванов е можеби човек број еден по она што го има направено и оставено зад себе, по своите дела кои доволно говорат за него и неговите успеси.

Доказ за тоа дека Иванов е број еден пред се како човек се бројните признаниа, награди и почести кои ги има добиено и тоа:

2011- Највисок Орден на Малтешкиот ред на „Св. Лазарус“ од Ерусалим

2013- Почесен крст од Европското винско витештво од Ајзенштат 

2013- Орден Свети Ѓорги од Куќата на Хабсбург-Лотринген

2015- Почесен граѓанин на Пустец 

2015- Специјално одличие „Претеча“ од манастирот „Св. Јован Бигорски“

Нели ви реков претходно дека токму делата се тие кои говорат за овој човек, за неговиот успех и трнливиот пат до успехот.

Денес Иванов како претседател на Република Македонија се соочува со политичка и финансиска криза во државата како и со безброј навреди и клевети од страна на СОРОС и опозициската СДСМ.

Моето мислење во кое длабоко сум убеден е дека Иванов е главната “фигура” во оваа ситуација и токму тој е човекот кој спречи граѓанска војна, крво пролевање по улиците, физички пресметки помеѓу Македонците и можеби и нова поделба на Македонија.

Всушност проблемот настанува токму тука, токму сега кога имаат за што и за која одлука на претседателот да се фатат а претходно мудро си молчеа пред човекот на кого не му се ни до малото прсте.

Ќе ве потсетам на обраќањето на претседателот Иванов од пред некој ден и ќе цитирам само една реченица:

-Зарем требаше мудро да молчам и да гледам како се дели и парчи Македонија за да состојбата ескалираше и избувнеше граѓанска војна? 

Со одлуката за групна аболиција која ја донесов совесно и разумно јас спречив вакво нешто и на некого му ги помешав сметките.

После завршениот цитат би ве запрашал, има ли некој на кого не му е јасно што всушност направил Иванов со неговата одлука за аболиција?!

Има ли уште луѓе кои ќе протестираат против оваа одлука на Претседателот или пак кои ќе протестираат дека таа одлука е повлечена и со тоа правдата е задоволона и важи подеднакво исто за сите луѓе?!

Можеби сега ќе се запрашате зошто е повлечена одлуката кога е веќе донесена?!

Ќе ви одговарам кратко и јас иако вие многу добро знаете, повлечена е одлуката бидеќи ситуацијата во Македонија веќе не е иста како од пред некој месец!

И немам што повеќе да додам за Иванов, за неговиот живот и неговите успеси само ќе ви кажам дека сум горд што имам таков претседател, дека во иднина повторно би го дал мојот глас за истиот тој претседател и ќе испратам апел до вас за поголема почит и разбирање кон врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top