Коментари

Илинденското востание го изненади светот

1svekrva copy copy copy copy

121Свекрва

Пред 113 години, на 2 август 1903 година пламна големото македонско востание познато како Илинденско востание. Тоа востание е една славна епопеја на револуционерната борба на македонскиот народ, на неговиот незадржив устрем кон слобода и независност. Во него дојдоа до израз вековните стремежи на македонскиот народ за национално ослободување и реализирање на државотворните традиции. Овој стремеж ќе се оствари на вториот Илинден, на 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Отец Прохор Пчински, каде пред 72 години на Првото заседание на АСНОМ беше возобновена македонската држава.

Илинден 1903 година значеше многу, како за своето време така и за иднината на македонскиот народ. Македонците никогаш не ги заборавија спомените на Илинден и претците кои со својата крв ја испишаа поновата македонска историја. Не ги заборавија ни по 1913 година кога Македонија беше распарчана и кога новите поробители се трудеа да го избришат секој спомен за првата Република на Балканот и споменот за македонските корени.

Всушност, големината на историските настани се изразува со трајноста во колективната меморија на еден народ. А македонскиот народ ги памети двата Илиндена (1903 и 1944), сеуште памети дека сите македонски дејци големи и мали застанаа во првите редови на борбата на својот народ. Сеуште памети за масовниот хероизам и на стотиците и илјадници македонски синови и ќерки кои ги положија своите животи за слобода на својата татковина.

Но, исто така македонскиот народ во својата колективна меморија памети дека додека во 1903 година околу 30.000 слабовооружени македонски востаници водеа борба на живот и смрт со добороворужената 300.000 турска армија, српската, бугарската и грчката армија беа во касарните. Србија, Бугарија и Грција за време на востанијето ги затворија границите и се изјаснија против поддршка на македонските востаници. Нивните влади кои претендираа на македонската земја чекаа да биде уништена Македонската револуционерна организација и македонските дејци, како и да се деморализира народот, за да можат потоа полесно од веќе начната Османска империја, да завладеат со опустошената македонска земја.

Илинденското востание со својата масовност, еланот и храброста која ја покажа македонскиот народ во текот на тримесечните неравноправни борби, пројавеното единство и сплотеност на народот во одбраната на Крушевската Република родена во огнот на револуцијата, го изненади светот. Сепак последиците од турските злосторства, масакрите и масовните злосторства, опожарените села, како и колоните бегалци, воопшто не ги трогна големите сили за нивна интервенција и решавање на македонското прашање.

За разлика од политичарите, интелигенцијата и обичниот народ на Европа со симпатии ги следел настаните во Македонија, а на масовните митинзи бараа заштита на народот и решавање на македонското прашање. Исто така, тие ја осудуваа пасивноста на своите влади и се бара преземање итни чекори за да се спречат злосторствата и да создаде автономна Македонија. Така, во резолуцијата од големиот собир одржан во англискиот град Ридинг, меѓу другото, се вели: „Изразувајќи ја нашата голема симпатија спрема Македонците во нивните страшни маки, ние жалиме што како нација не сме ослободени од одговорноста и вината“.

Многумина им се восхитуваа на храброста и пожртвуваноста на македонските востаници, но, интересите на големите сили и игрите на балканските држави не дозволија да се остварат идеалите на македонскиот народ. Во Зборникот „Британски документи за историјата на Македонија“ (1901-1904) е забележена изјавата на тогашниот британски генерален конзул во Солун, А. Билиоти кој за македонските борци меѓу другото вели: „Тие ни покажаа како треба да се бориме и да умреме за слободата, светол пример што е вреден да се имитира. Така треба и ние да се бориме, да ја браниме нашата нација и нејзината слобода“.

Иако, Македонија беше распарчена во Букурешт 1913 година, борбата за слобода на Македонците не престана во трите дела. Илинденското востание станаа идеал и непресушен извор кон кој се стремеа идните поколенија на македонскиот народ во Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.

Во текот на Втората светска војна, сите Македонци веруваа дека дошло време да се исполнат заветите на Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и илјадници херои на илинденската епопеја за остварување на слободата и создавање на своја независна македонска држава. Македонскиот народ активно учествуваше во антифашистичката борба и како резултат на таа борба на 2 август 1944 на Првото заседание на АСНОМ беше возобновена македонската држава, но, на само еден дел од нејзината географска и етничка територија. Со влегувањето во југословенската федарција се отвори можност за спојување на Народна Република Македонија и Пиринска Македонија. Но, големите сили и претендентите на Македонија повторно го спречија обединувањето на Македонија и исполнувањето на илинденскиот идеал.

Како и да е, одговорноста на Европа и балкански држави за страдањата на македонскиот народ е голема. Иако поминаа 113 години од Илиндеското востание, 72 години од АСНОМ и речиси 25 години од осамостојување на Македонија, сеуште политиките на соседните земји, некои континуирано, а некои повремено, ги покажуваат своите претензии кон единствената слободна македонска теритирија. Тие не го признаваат името, јазикот, црквата, идентитетот на македонскиот народ и го попречуваат авроатланското интегрирање на Македонија, а со тоа и неформалното обединување на трите дела на Македонија. Но, и покрај сите обиди насочени против македонскиот народ, идеалот на Илинден не можат да го згаснат. Тој гори во срцата на македонскиот народ и додека тие чукаат Илинден и македонската држава ќе живее.

Честит Илинден и да ни е вечна Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

To top