Коментари

Дали дијаспората од Австралија дава само 1000 долари помош?

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Ова прашање има многу одговори. Но едно е сигурно, ова е одговор за цела дијаспора на сите континенти. Нема исклучок. Затоа ќе давам споредба од таму каде ми е базата т.е. местото на живеење. 

Пред да започнам, мора да кажам дека последниве 7 до 8 години, откако се активираа многу луѓе по интернет и Фајсбук, нема ден да помине а некој да не побара помош  и тоа најчесто во пари и давање сметки каде да се уплатат. Знаеме дека многу случаи се искрени, но има и преваранти. Тоа не би можел да го издржи и мулти милионер ако на секој апел помогнеш по нешто. Кога ќе се соберат или уплатат, одговор добиваме од Македонија : Само толку? Одма почнуваат со мајтапење за 5 долари како да мислиме оти е преголемо богатство. Истовремено, најчесто шарените, вадат некои писма на ангилско македонски дијалект и делуваат мизерно, ама што е тука е. 

Исто така, кажувавме и се уште, како некои изроди и манипуланти слични како шарените, како иста мајка да ги родила, крадат и перат пари од заедница, црква, организации и друштва. Еден пример ќе ви дадам. Во црква која се води децениски спор, влегуваа за велигден и Божиќ од пола милион до милион долари во кеш. Човек одговорен во црквата е секогаш бизнисмен, наводно чесен, ќе ги собере парите во кеш и остави дома да речеме милион, а тој другиот ден, наместо толку кеш носи чек во банка. Има неправилности? Ќе речете нема. Богами има. Тој чек бизнисменот ќе го стави и пријави како донација па така наместо да плати данок милион, на крај е на нула, не плаќа ништо. А кешот му остана дома. Дали разбирате сега каде лежи зајакот? 

Кого да верувате или веруваме? Тие таму или ваму? Изрод си е изрод, дали таму или ваму – сеедно.  

Затоа мора да се стави крај и потребна е нова организација за собирање средста и донации за секоја прилика и неприлика во Македонија. Инаку, изродите во дијаспората ќе прават игранки, ќе соберат “некое доларче ” за стари крај и ќе ги испокрадат и исперат парите без да осетите ние и вие. А колку таму ќе биде кажано кој и колку дарил, не за фалење колку за проверка дали испариле ” неколку ” долари … и тој филм некако не игра.

Потребна е нова организација и начин како да се собираат донации во иднина, ЗАТОА ШТО ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ, А НЕ НЕКОЈ ДА ПРОФИТИРА. Соодветно, нема ни 1000 долари да се соберат.

Дотогаш размислете и вие таму како да им се стави крај на сите манипулации и Македонецот раат да дава донации на право место и да се гарантира ако се соберат пари дека ќе отидат на права адреса до последен долар или евро.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top