Коментари

Нема потреба од паника


Свекрва

Веќе два дена, по неделниот земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, последователни замјотреси го тресат Скопје. По серијата од десетина помали земјотреси во понеделникот вечерта уште еден силен земјотрес со магнитуда од 4 стапени по Рихтер го потресе Скопје. Сепак, тоа не се силни земјотреси и се работи за т.н. афтершокови. Искуството, според експертите покажува, дека во скопскиот регион земјотреси со магнитуда од 4 степени се случуваат на десетина години, оние со магнитуда од 5 степени на сто години, додека оние со магнитуда од 6 степени по Рихтер на 500 години.

Во ситуација кога имаме серија од земјотреси нормално очите на јавноста да се свртени кон Европско-Медитеранскиот сеизмолошки завод кој ги забележува податоците за земјотресот, а е поврзан со Сеизмолошката обсерваторија во Скопје и Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. На српскиот сајт последната информација која можеме да прочитаме е дека „на 11.09.2016 г. во 15:10 часот по локално време регистриран е земјотрес со магнитуда од 5 степени по Рихтерво регионот на Скопје БЈР Македонија. Интензитетот во епицентарот е проценет на VII степени по Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат умерени оштетувања на објектите во епицентралните област. И во оваа ситуација, кога вниманието на јавноста е насочено кон земјотресите кои тресат градот,  не може а да не им се забележи како на Европско-медитеранскот центар, особено на Сребите кои иако не имаат признаено под уставно име сеуште ја користат референцата БЈРМ.

Сепак по серијата земјотреси, во Скопје паника нема, иако постои загриженост кај постарите кои живеат на повисоките спратови и кои се сеќаваат на последиците од Скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година, кога повеќе од 1000 граѓани загинаа, а неколку илјади беа повредени. Некои од нив заминаа од  градот, а некои првата ноќ ја поминаа надвор од своите домови. Меѓутоа, најголем дел од населението е свесно дека тоа се афтершокови, дека такви ќе има и во идните денови, но и дека по скопскиот земјотрес најголем број од градбите се градени по стандарди кои можат да издржат и потрес од 9 степени по Рихтер.

Всушност, веднаш по Скопскиот земјотрес во 1963 година преземени се низа мерки и активности за да се изгради град кој може да поднесе и поголеми потреси без да се загрозат животите на населението и материјалните добра. Така во книгата „Скопје град на солидарноста“ (Скопје, 1975), меѓудругото можеме да го прочитаме следното:

„Новиот урбанистички план, вистинско огледало на поубава иднина на Скопје е дело на упорна, осмислена и инспиративна работа на повеќе организации и голем број на истакнати експерти од тогашна Југославија и странство, со асистенција Специјалниот фонд на Обединетите нации. Организатор и носител на работата во врска со изработка на плановите беше тогашниот Завод за урбанизам и архитектура на град Скопје.

Почетната база на урбанистичкиот план предвидувала да планерскиот период опфати 16 години, односно развој на Скопје до 1980 година, со изработка на студија за развој на градот до 2000-та година, потоа да вкупниот број на жители, според демографската студија да изнесува 350.000 (без вонградските селски населби), да територијата на градот, воглавно да ја опфаќа површината на градот од пред земјотресот, вклучувајќи ги површините на новоизградените населби, како и новите површини наменети за изградба на станови и ширење на индустриските зони. Новиот урбанистички план треба да овозможи широк маневарски простор за одредени интервенции и прилагодување на евентуално новонастанати непредвидени ситуации.

Катастрофалните последици од земјотресот во 1963 година, како најзначајни, како и компромисите направени за време на изработката и особено за време на реализацијата на урбанистичките планови на Скопје во минатото беа битни елементи кои укажуваа на следното: а) Да се стави вон сила урбанистичкиот план по кој се развивал градот пред земјотресот и б) итно да се пристапи кон припреми, а потоа и изработи нов урбанистички план на Скопје.

За да се постигнат максимални резултати во општата концепција на обновата и понатамошниот развој на градот беа утврдени и глобалните цели:

1) Обновата на Скопје да се одвива така да се овозможи понатамошен не попречен развој  на градот, а во исто време, да се обезбеди и целосна сигурност на животот, безбедноста и мирот на граѓаните, како и сигурноста на материјалните вредности,

2) Да се обезбедат со урбанистичкото планирање и проектирање современи решенија, така што во рамките на реалните економски можности, за време на проектирањето да се користи нашето и меѓународното искуство, со јасна тенденција Скопје да ги сочува националните и историските карактеристики на главниот град на Македонија.

3) Да се обноват сите објекти кои преставуваат материјална, архитектонска, историска и друга вредност, а особено да се посвети грижа за обнова на културно-историските споменици. За другите објекти, во зависност од степенот на оштетувањето и можноста за вклопување во новите урбанистички решенија, да се одлучи дали ќе бидат обновени или срушени.

4.) Во иднина да се обезбеди таква урбанизација на градот која ќе трнува од претпоставката дека материјалните можности на граѓаните, градот и целата заедница пермаментно ќе се развиваат.

На основа на утврдените глобални цели, се пристапи кон изработка на сестрана студија за дефинирање и утврдување на програмските насоки за понатамошниот развој на структурната и просторната организација на градот, како програмска основа на новиот урбанистички план.

Урбанистичката студија, во чија изработка учествувале голем број институции и поедини експерти од цела тогашна Југославија, воглавно ги содржела  следните елементи: природните услови (посебно, сеизмичка микроорганизација и хидротехничка основа), економска, студија, популациона студија, урбанистичко-архитектонска ситуација, живеење, зеленило, спорт и рекреација, јавни функции (образование и наука, култура, здраство и социјална заштита) сообраќај (железнички, патен, воздушен, воден), планерски период, димензии и организација на градот. Во октомври 1963 год., односно во периодот на припремањето на овие програмски студии, изработени се и 4 прелиминарни концепции на идниот развој и организација на градот.

…И покрај тоа што во Урбанистичката студија се преставени сосема поинакви идеи за можниот развој и организацијата на градот, нејзината вредност е во тоа што се разгледани разни аспекти на проблемот, пред се на идниот долгорочен развој и организација на градот. Истовремено таа послужи и како многу добра основа за создавање на варијанти на просторниот концепт на новиот урбанистички план на Скопје.

.. Цел на просторниот концепт се состоеше во тоа да се добие графичка престава на постигнатото согледување на проблемот и дефинирање на идеите за идниот развој и организацијата на градот и да послужи како основа за понатамошна планерска работа. Просторниот концепт во потполност одговара на целта, така да и денес во целокупната и многу богата документација за новиот урбанистички план има значајно место.

Откако е завршен урбанистичкиот програм, како и првите варијанти на просторниот концепт, почна првата фаза на изработка на урбанистичкиот план со учество на ООН. На основа на припремениот план и описот на стварите, ООН ја одреди фирмата Доксијадис од Грција, која како договорна  страна према ООН, заедно со Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје, кон крајот на 1964 година започна да работи на новиот урбанистички план.

Главните плански поставки на планот за развојот на Скопје биле: процена на сите подрачја оштетени во земјотресот, за да се утврди нивниот понатамошен третман; анализа на општествените објекти од сите области,  испитување на постоечките услови и предлози за потребите засновани на соодветни стандарди, студија за вистинските потреби на основа на собраните податоци и информации, како за период на обновата така и за планирање на долгорочен развој и т.н…   

.. Резултат на овие согледувања е заклучокот дека Скопје во својот развој е ограничен само на Скопската котлина, која во најголем дел е покриена со населби, индустриа и сообраќајни постројки, така да тенденциите на идниот развој во најголем дел ќе бидат насочени југо-исток, приближувајќи се на главниот сообраќајен јазил во правед север-југ, каде се концентрирани автопатот, железничката линија и аеродромот. Овој заклучок бараше навремена контрола и канализирање на веќе интензивниот развој на скопската котлина за да може да му се овозможи во одреден временски период непречен и правилен развој.

.. На основа на заклучоците на Меѓународниот консултативен одбор и заклучоците на Собранието на градот Скопје, користејќи го целокупниот материјал , изработен е дефинитивниот предлог на прелиминарниот основен урбанистички план. Неговите основни карактеристики: а) Планерскиот период е утврден до 1981 година, а градот е димензиониран на околу 350.000 жители. б) Градот во наредниот период ќе се развива воглавно на површините чии граници веќе се исцртани со новоизградените приградски населби; в) Територијата за живеење веќе изградена или предвидена за оваа намена се наоѓа во горе денираните граници на градот. Организационите структури на градот се базирани на станбени единици од 4.000 до 6.000 жители; г) За развој на индустријата се предвидени следните зони, кои веќе во помала или поголема мера веќе постоја: свероисточна, источна, југоисточна и западна. д) Што се однесува до зелените површини, како и површините за спорт и рекреација, поради неповолните климатски карактеристики и високо изразената сеизмичност на скопското подрачје, се предвидува 25 м2 јавно градско зеленило по жител или вкупно 875 хектари, и 120 м2 венградски зелени површини, или 4.200 хектари со тенденција градските и вонградските површини да се прошируваат и ѓ) Предвидено е центарот на градот да се протега на брегот на Вардар, со значително ширење на север…

Кон крајот на октомври 1964 година започна втората фаза на изработка на новиот урбанистички план ма Скопје, повтоирно со учество на ООН, преку организацијатакоја ја избра ООН – Доксијадис од Атина и Полсервис од Варшава, како и Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје, кој го усвои Собранието на Скопје во 1964 година, како повеќе посебни стидии.

На картата на сеизмичка микрореонизацијата издвоени се зоните со интензитет од осум и девет сеизмички степен по МЦС скалата. На картата за микрореонизација се издвоени и субзони, осначени со знаците „+“ и „- “ . Занкот „+“ укажува на очекуван максимелен интензитет на означениот степен, додека „-“ означува извесно смалување на сеизмичкиот степен на максималниот интензитет.“  

Така врз основа на сите параметри и анализи се вршело планирањето, а потоа и изградбата на градот. Во врска со проширување на границите на градот Скопје каде до крајот на минатиот век се планирало да се сместат 700.000 жители, бројка која е максималниот домет на градот, а базирана на претходните анализи за проширување на градот и пропорционалните односи на населението во главниот град и Македонија, во Скопје започнаа да се градат живеалишта кои можат да издржат посилни земјотреси. По независноста на Македонија, по одреден краток период, повторно се води грижа за ваквите поставени стандарди при изградба, што укажува дека нема простор за паника, а населението може да биде спокојно и мирно да спие во своите домови, но и да ги почитува препораките во случај на земјотрес.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top