На прво место

Венко Филипче и Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија

Македонска Нација

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го за соработка со бугарски структури и организации кои, според него, работат против македонските национални интереси.

Манасиевски истакна дека, како што рече, веќе со недели ВМРО-ДПМНЕ предупредува за, како што ја нарече, соработка меѓу СДС и бугарските власти, со цел внесување на Бугарите во Уставот, што според него би било само почеток на нови барања поврзани со македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

Во своето обраќање тој се осврна и на Рубин Земон, кој, како што наведе, поднел оставка од функцијата во Извршниот одбор на СДС, посочувајќи фотографија на која Земон е заедно со Виктор Стојанов од бугарската Фондација „Македонија“.

Според Манасиевски, фондацијата е позната по ставови со кои се оспорува македонскиот национален идентитет и историја, како и по тврдења дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави.

„Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, односно на СДС со бугарски организации, е спремна да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека, според информации добиени од „свиркачи“, дел од членството на СДС сметало дека ситуацијата отишла предалеку, по што му било сугерирано на Филипче да го отстрани Земон од Извршниот одбор за да не ѝ штети на партијата.

Манасиевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со граѓаните, нема да дозволи, како што рече, ново предавство на македонските национални интереси.

„Доста е со понижувања, потклекнувања и потчинувања. Време е Македонија да биде горда, исправена и достоинствена“, истакна Манасиевски.

Најново од: На прво место

Софиското кафе на Земон отвори нови прашања за политиките на СДС

Средбата на Рубин Земон од СДС со Виктор Стојанов, првиот човек на бугарската „Фондација Македонија“ и еден од најгласните негирачи на македонскиот идентитет, предизвика силни реакции во јавноста и дополнително ја отвори дебатата за односот на СДС кон бугарските позиции кон Македонија. Фотографиите од софиското кафе меѓу Земон и Стојанов се појавија во период кога […]

Економијата се стабилизира, фактите и бројките ја побиваат паниката на Венко Филипче и СДС

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати јавен повик до економскиот тим на опозицијата за средба во Министерството за финансии, со цел, како што посочи, „да се разјаснат економските факти и бројки“, по серијата прес-конференции на СДС и Венко Филипче. Според Димитриеска-Кочоска, во јавноста во изминатиот период се пласирале, како што рече, „невистини, погрешни толкувања и […]

Македонија доби најмногу европски средства во регионот

Лагите на Венко Филипче и СДС повторно се демантирани. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозициската партија во изминатиот период ширела дезинформации за повеќе прашања, меѓу кои и за мигрантите, државниот Буџет, ИПАРД фондовите, како и за Реформската агенда и изјавите на европските претставници. Според партијата, Филипче и СДС со месеци ја манипулирале јавноста со тврдења дека […]

Рубин Земон и Филипче како промотори на бугарските позиции во Македонија

СДС и Венко Филипче сѐ повеќе се разоткриваат во своите политики на сервилност и отстапки, а случајот со оставката на Рубин Земон, според ВМРО-ДПМНЕ, е уште еден доказ за кризата и конфузијата во опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека скандалот со изјавите на Земон, како и реакциите во јавноста, покажале дека дури и во СДС […]

СМК: Македонија со болка се простува од Ристе Велков, неговиот син Адам и нивните пријатели Петар и Марко

Светскиот Македонски Конгрес изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа кај Визбегово, нагласувајќи дека Македонија изгуби голем уметник, родољуб и патриот, а македонската оперска сцена еден од своите најистакнати баритони.

Филипче и СДС во политичко бунило: сакаат нешто да кажат, но не знаат како

СДС и Венко Филипче повторно покажаа дека немаат јасна политика, ниту јасна порака кога станува збор за европските аспирации на Македонија. Нивните прес-конференции и јавни настапи се претвораат во политичка конфузија по принципот: „сакам да кажам, не знам да речам“. Сакаат да понудат нешто, но не знаат што. Сакаат да испратат порака, но не знаат […]

Фридрих Мерц предлага фазно проширување на ЕУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц покрена идеја за нов модел на проширување на Европската Унија, преку т.н. повеќестепено, односно фазно проширување. Во писмо до европските лидери, Мерц апелира за забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, со пофлексибилен пристап што би овозможил конкретни придобивки и пред формалното полноправно членство. Според оваа идеја, земјите кандидати најпрво […]

Филипче нема за што не ја излажа јавноста

Венко Филипче повторно се обидува со конструкции, манипулации и лажни тези да ја дефокусира јавноста од фактите. Но, колку повеќе зборува, толку повеќе станува јасно дека неговата политика се темели на страв, дезинформации и празни обвинувања. Филипче лажеше за мигранти. Лажеше дека државата ќе банкротира. Лажеше дека Буџетот е празен. Лажеше за ИПАРД фондовите. Лажеше […]

To top