На прво место

Софиското кафе на Земон отвори нови прашања за политиките на СДС

Македонска Нација

Средбата на Рубин Земон од СДС со Виктор Стојанов, првиот човек на бугарската „Фондација Македонија“ и еден од најгласните негирачи на македонскиот идентитет, предизвика силни реакции во јавноста и дополнително ја отвори дебатата за односот на СДС кон бугарските позиции кон Македонија.

Фотографиите од софиското кафе меѓу Земон и Стојанов се појавија во период кога лидерот на СДС, Венко Филипче, секојдневно ја турка тезата дека Бугарите мора да бидат внесени во Уставот. Токму затоа, во јавноста се поставуваат прашања дали станува збор за изолиран случај или за поширока политичка линија која оди во насока на прифаќање на бугарските барања.

Дополнителен револт предизвикува фактот што Виктор Стојанов е познат по своите анти-македонски ставови и активности, а во Македонија му беше изречена и забрана за влез. И покрај тоа, Земон седна на иста маса со човек кој отворено го негира македонскиот национален идентитет, јазик и историја.

Ова не е првпат Рубин Земон да биде во центарот на контроверзии. Претходно тој даде и навредлива изјава за Гоце Делчев, тврдејќи дека „ништо не напишал во животот“ и дека „не извојувал ниедна битка“, додавајќи дека во Македонија бил создаден мит околу неговата личност. По бурните реакции, Земон изјави дека бил погрешно разбран и се извини, но новата средба со Стојанов повторно ги отвори сомнежите околу неговите ставови и политички позиции.

По скандалот, Венко Филипче изјави дека станувало збор за „ненамерни пропусти“, додавајќи дека оставката на Земон ја смета за „морален чин“. „Човекот едноставно не сака да прави терет на партијата кој што ниту го заслужуваме, ниту пак има некоја суштинска врска и работа со тие состаноци“, изјави Филипче.

Сепак, во јавноста останува дилемата дали ваквите средби и изјави се навистина случајни или претставуваат уште една потврда за блискоста на дел од раководството на СДС со политиките што доаѓаат од Софија.

Најново од: На прво место

Во Тумчевиште одекна Комитското оро, во Гостивар коњаниците добија благослов за патот кон Крушево

На својот пат кон Бигорскиот манастир и Крушево, коњаниците од Коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ денес пристигнаа во Тумчевиште, каде што беа свечено пречекани од жителите и бројните гости кои ја одбележуваа селската црковна слава – Собор на Свети Архангел Гаврил, во народот познат и како Летен Арангел. Во чест на […]

Македонски историски календар: На денешен ден

На денешен ден, 26 јули, низ различни историски периоди се случиле значајни настани што оставиле длабока трага и станале нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ. Историјата на Македонија не е ограничена само на денешните државни граници. Таа живее во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во Мала Преспа, каде што […]

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните. Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната […]

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Почитувани следбеници на „Македонска нација“ Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“. Новиот портал е достапен како и до сега на: www.mn.mk Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и […]

Во Новиот завет Македонија е спомената 22 пати, а Македонец и Македонци уште пет – вкупно 27 споменувања во 24 библиски стиха

Од Македонија започна европската мисија на светиот апостол Павле за ширење на христијанството Во Новиот завет името Македонија и називите Македонец и Македонци се непосредно поврзани со мисијата на светиот апостол Павле, создавањето на првите христијански заедници и ширењето на Евангелието на европска почва Македонија зазема исклучително значајно место во Новиот завет. Нејзиното име не […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот. Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, […]

Најнови вести

To top