На прво место

Апокрифите за животот на мајката Дева Марија (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Според Евангелието од Лука, Господ го испратил својот ангел Гаврил во Галилеја, во градот Назарет, при девојката Марија, свршена за Јосифа, од родот Давидов, и ѝ рекол: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!” Оваа вест е искористена во многу химнографски дела посветени на раѓањето на Исус Христос и зачнувањето на Дева Марија.

На уплашената Марија ангелот и објаснил дека таа ќе роди голем син од Севишниот, кој ќе го добие престолот Давидов. Тоа ќе се случи, според Лука, на следниов начин: „Светиот Дух ќе слегне на тебе со силата на Севишниот ќе те осени, па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.”

Се ова се случува за да се исполни и докаже она што го прорекол Исаија: „Ете, Деви-цата ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, што во превод значи „Бог е со нас”.

Според Евангелието од Лука, царот Август токму во тоа време, пред да се породи Марија, издал наредба за целосен попис на населението. Секој требало да отиде во својот град да се запише. Јосиф заминал за Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, зашто потекнувал од племето Давидово. Марија и Јосиф сигнале таму.

Бидејќи за нив немало место во гостилницата, Марија се породила во пештерата (јасли) кај овчарите. Самата го повила првенецот и го положила во јаслите. Таму спиеле овчарите кои го паселе стадото во околината.

Во тој момент тие биле надвор од јаслите и наеднаш ги осветлила Господова светлина, се појавил ангел меѓу нив, кој рекол: „He плашете се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе, зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, кој е Христос Господ и еве ви знак, ќе најдете повиен младенец, како лежи во јасли.” По небесната прослава овчарите се свестиле и потрчале во Витлеем да го видат Младенецот. Во јаслите биле Марија, Јосиф и Младенецот повиен.

Кога се родил Исус Христос во Витлеем Јудејски, за времето на царот Ирод, во Еруса-лим пристигнале тројца мудреци од Исток и изјавиле дека ја виделе новопојавената ѕвезда на Младенецот и дека тргнале да го бараат него, за да му се поклонат. Тогаш царот Ирод се исплашил, дознал од мудреците дека Младенецот се родил во Витлеем и дека ќе се расчуе неговото име во светот.

Ги испратил мудреците да одат по ѕвездата што се појави на небото и им порачал да се вратат и да му соопштат каде точно се наоѓа Новородениот. Мудреците пристигнале во Витлеем, ја нашле пештерата, му се поклониле на Младенецот, ги отвориле ковчежињата и го дарувале новороденчето со злато, ливан и смирна. Потоа си заминале по друг пат, не по оној по кој дошле за да го избегнат Ирод.

Кога Ирод сфатил дека мудреците го излагале, се разлутил и наредил да ги убијат сите бебиња во Витлеем што се до две години. И навистина, се исполнило кажаното од пророкот Еремија: „Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем, Рахила плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема”.

Господ му јавил преку својот ангел на Јосифа да го напушти Витлеем и ноќта да замине за Египет, каде што целото тричлено семејство престојувало сѐ до смртта на Ирод. Потоа Господ им наредил да заминат во Израел, но Јосиф се плашел дека таму постои опасност од синот на Ирод – Архелај. Втората вест што ја добил го насочила кон Галилеја. Се населиле во градот Назарет за да се исполни пророкуваното дека Младенецот ќе се нарече Назареец.

Марија, мајката на Исуса, се јавува во новозаветните евангелија, посебно во Евангелието од Јован, на свадбата во Кана Галилејска и на самото распнување на Исуса. На свадбата во Кана бил присутен Исус Христос со учениците и со мајка си Марија. Таа го опоменала синот дека домаќините немале повеќе вино. Исус им наредил на слугите да ги наполнат со вода седумте камени садови, во кои водата се претворила во вино. При крстот Исусов стоеле мајка му Марија, Марија Клеопова и Марија Магдалена. Исус се грижел за својата мајка до крајот на животот и им порачал на мајка си и на ученикот Јован Богослов: „Жено, ете ти син!”. Потоа му рекол на ученикот: „Ете ти мајка!”. Од тој час Јован ја зел кај себе Марија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top