Коментари

Браќата Нако добиле благородничка титула за пронајдената ризница Надсентмиклош

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

НАКО e македонско благородничко семејство во Сен Миклош, доселено од Гевгелиско во втората половина на XVIII век. Христофор и Ќирило во Сен Миклуш поседувале голем имот. Во 1790 г. со семе од Македонија се обиделе во Банат да произведуваат памук. Во Сен Миклуш отвориле земјоделско училиште. Јован бил ктитор на католичка црква во Сен Миклуш и донирал 5.000 форинти на Матица српска. Накови имале благороднички титули и грб. Последниот потомок на семејството – Милева починала во 1926 година.

Во XVIII и XIX век, меѓу благородниците кои се сретнуваат во Хабсбуршката монархија со потекло од Македонија биле кир Хаџи Манојло во Будим, Теодор Николич од Велес; Георги и Јован Калиновичи од Дојран, семејството Баичи од Блаца во Митровица, семејствата Дука, Дарвар и Спирта од Клисура, Христофор и Кирило Нако во Велики Сен Миклуш и др.

Браќата Христофор и Кирило Нако кои се македонски трговци од Гевгелиско, околината на Дојран -Македонија, бегајќи од турскиот зулум доаѓаат во XVIII век во областа на Северен Банат. Првично тие ги земаат под закупот лозовите насади, пасиштата, нивите во близина на напуптената населба Селеш, а во 1782 година тие го купуваат имотот од владата во Виена.

Во недостаток на работна сила која ќе работи на нивниот имот, браќата Нако изградиле 50 куќи во 1784 година и ги населиле со семејства од унгарско потекло. Со населените Унгарци, бил потпишал договор во кој се бара новото населено место, наречено Селеш, да се нарече НАКОФАЛВА. Во 1922 година ова место во близина на Кикинда, Северен Банат, Војводина, на самата Српско-романска граница, по браќата Накови, го добива официјалното име Наково.

Инаку, имотот на Накови се протегал до градот Сенниколау Маре, уште познат како Сен Миклуш, денес во округот Тимиш, Романија. Во 1790 година со семе од Македонија се обиделе во Банат да произведуваат памук.

Во 1799 година од работник на браќата Накови, било пронајдено богатството на Сенниколау Маре или ризницата на Над Сен Миклош (Фолем Свети Никола). Богатството се состои од 23 садови со вкупна тежина од околу 10 килограми. Осум од нив се направени од 22 каратно злато. Садот број 18 е 21 ½ карат, а ритон (бр.17) е 12 карати.

По ископувањето, ова богаство било подарено на Јосиф II, царот на Светото Римско Царство и надвојвода од Австрија (1765-1790), крал на Хрватска, крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790), за што добија благородничка титула на градот Надсентмиклош

Богатството било пренесено во Виена, главниот град на империјата. Оттогаш, таму е во сопственост на Музејот на историјата и уметноста во Виена (Kunsthistorisches Museum), каде што е постојано прикажан. Широк спектар на ставови и понатаму се одржува во врска со датирањето и потеклото на стиловите на парчињата и контекстот во кој се направени, што може да варира помеѓу парчињата. Невообичаено, натписите на некои парчиња ја зголемија сложеноста на аргументите, наместо да ги намалат. Не многу одамна, Букурешт побараа од австриската влада репатријација на богатството.

 Во Сен Миклуш, браќата Накови отвориле земјоделско училиште. Јован бил ктитор на католичка црква во Сен Миклуш и донирал 5.000 форинти на Матица српска. Последниот потомок на семејството Накови кои имале благороднички титули и грб.  – Милева починала во 1926 година.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top