На прво место

Стојаноски: Македонија е меѓу водечките европски економии по квартален раст, капиталните инвестиции и поддршката на стопанството даваат резултати

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции, поддршка на стопанството и развој на инфраструктурата, со цел зголемување на бруто-домашниот производ и економски раст.

Стојаноски посочи дека 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат наменети за финансирање капитални проекти што се реализираат преку централниот буџет.

„Кога ја презедовме власта кажавме дека нашата економска филозофија ќе почива на неколку столбови, од кои едниот е силен буст на капиталните инвестиции, преку градежништвото да го покачиме бруто-домашниот производ, нешто што веќе се гледа дека дава резултати“, истакна Стојаноски.

Тој нагласи дека државата годинава има обврска да врати 2,6 милијарди евра стари долгови, што претставува третина од буџетот, но и покрај тоа, како што рече, обезбедени се средства за повисоки плати, пензии и реализација на инфраструктурни проекти.

„И покрај обврските за враќање на старите долгови, успеваме да обезбедиме средства за повисоки плати, повисоки пензии, реконструкција на инфраструктурата и реализација на капитални инвестиции. Просечната пензија за две години е зголемена за 32 проценти, а сите пензионери добија покачување од 7.000 денари. Просечната нето-плата е зголемена за 15,5 проценти, односно за околу 6.500 денари, а се бележат и 17.700 новоотворени работни места“, изјави Стојаноски.

Тој додаде дека преку унгарскиот финансиски пакет, како и преку буџетот на Министерството за транспорт, се финансираат бројни проекти во општините, насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Како дел од инфраструктурните активности, Стојаноски ги посочи подготовките за железничката пруга на Коридорот 10, како и изградбата на автопатот Прилеп-Битола, оценувајќи дека проектите се реализираат со задоволително темпо.

„Кога ќе се соберат сите овие проекти, станува збор за инвестиции вредни неколку милијарди евра. Нашата економска филозофија е едноставна – капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и помош за македонското стопанство. Тоа ни обезбедува економски раст од 3,5 проценти шест квартали по ред, што ја рангира Македонија меѓу водечките европски економии по квартален раст“, истакна Стојаноски.

Најново од: На прво место

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

14 септември – почеток на црковната Нова година и Начало на Индиктот

На 14 септември според граѓанскиот календар, односно на 1 септември според стариот црковен календар, Православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година – Начало на Индиктот. Со овој ден започнува новиот годишен богослужбен круг и новото патување на верниците низ празниците и настаните од Христовиот живот и историјата на Црквата. За разлика од граѓанската […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

To top