Коментари

Изборот на уставното име е под строга внатрешна јурисдикација на која било држава

igor-janev-1


Проф.
Др.Игор Јанев

Направија беспредметен договор без преседан во модерната правна историја. Овој акт е НЕЛЕГАЛЕН! Ова е срамота

Македонија наместо да го отфрли Преспанскиот договор-спогодбата, се „фати на јадицата” и покажа дека  власта нема стручни луѓе кои ја разбираат меѓународната политика и право.

Спогодбата  договорена со Грција претставува уште една демонстрација на безграничната наивност на оваа Влада во врска со проблемот за името! Наместо во светот и во ОН македонската Влада да го  застапува и објаснува ставот дека срамната референца „бивша југословенска Република Македонија” е нелегална (институција), таа ги фаворизира срамните и правно неиздржани преговори  и конечно потпиша  Спогодба за името, која всушнсто претставува срамна спогодба со друга држава за ИДЕНТИТЕТОТ!

Наместо Владата и МНР јасно да искаже резолутен став дека “разликата околу уставното име” не може да постои меѓу кои било две или повеќе држави, тие го склучуваат договорот со пазарење околу националниот идентитет и промена на истиот, повикувајќи се на “резолуциите на Советот за Безбедност” (СБ на ООН).

Од политичка гледна точка Македонија е држава која треба универзално да бара ПРИЗНАВАЊЕ под уставното име од сите држави и од меѓународните организации! А не да прифаќа дека имаме СПОР или “разлика”, па прифаќа услови од Грција да го менува својот национален идентитет!

Грција која отсекогаш, а посебно од 1993. со сите свои капацитети работи Македонија да не биде признаена во светот, и евентуално таквото признание да се оневозможи, сега се претставува од СДСМ-ската Влада како пријател на Македонија, а тн. договор како „ нужност”!.

Грција не ја признава Македонија како полноправен меѓународно-правен субјект (со сите елементи на правниот субјективитет и државноста), не го признава македонскиот јазик, култура, ниту пак македонскиот народ и нацијата.

За потесетување, преку ООН Грција 1993. г. издејствува една нелегална ситуација со која имаме преседан со НЕЛЕГАЛНАТА РЕФЕРЕНЦА и нелегалните разговори за идентитетот односно попрециѕно кажано ПРЕГОВОРИ за ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ и за Националниот Идентитет.

Ова не беше сфатено од Македонските лидери кои сметале дека ние само разговараме за името!!

Токму оваа нелегална ситуација имаше предмет на преговори за елемент од строго-внатрешна јурисдикција, за кој  сите досегашни влади сметале дека се само „Разговори”!! Да потсетиме, по дефинија, обврската за разговори=ПРЕГОВОРИ.

И сега наместо да ја објасни нелегалната ситуција во ОН во која имаме со НЕЛЕГАЛНАТА РЕФЕРЕНЦА, СДСМ изрази став дека Македонија “НЕМАШЕ ДРУГО РЕШЕНИЕ”, освем “компромис”!! 

Ова е голем автогол на една Влада во смисла на елементарното непознавање на меѓународното право!

Од овде заклучуваме дека луѓе од Владата не разбираат некои елементарни работи. А тоа е дека референцата „бивша југословенска Република Македонија” е НЕЛЕГАЛНА!  (Ова е ДЕНОМИНАЦИЈАТА и јас го докажав тоа во неколку влијателни списанија, а ваков став е прифатен и во меѓународната научна периодика).

Во овој контекст, договорот”, со кои всушност преку промена на државното име  менуваме идентитет, а ова се прави посред рез. на СБ817 . на ОН 817 ,  за Владата е ЛЕГИТИМНО и нужно!

Па така, наместо ние да укажевме дека „спорот” или „разликата” околу едно суверено и инхерентно право какво што е уставното име не може да постои, бидејќи изборот на уставното име е под строга внатрешна јурисдикација на која било држава, претставниците на власта го афирмираа ставот дека со Грција имаме „разлика” околу сопственото уставно име! Потоа направија и беспредметен договор без преседан во модерната правна историја. Овој акт е НЕЛЕГАЛЕН! Ова е срамота.

Понатаму, поаѓајки од фактот дека референцата е нелегална, требаше да се укаже на Грција, како и на другите фактори пошироко, но пред се во ООН дека ситуацијата во ОН со обврската за разговорите е нелегална, односно дека преговорите околу уставното име на една суверена држава се НЕЛЕГАЛНИ и НЕВОЗМОЖНИ! Спор или „разлика“ за ваквите инхерентни права не може да постои, бидејќи ОН се организација во која членуваат суверени држави-членки.

И понатаму ваквите суверени држави-членки се според Повелбата на ООН правно ЕДНАКВИ. (Покрај тоа, и надвор од ОН ваков спор околу туѓо уставно име е правно апсолутно невозможен, што произлегува од суверенитетот кој важи за државите и надовор од ООН).

Со други зборови, Владата на Македонија прифакајќи ја, на еден нестручен начин политичката аргументација, па дури и терминлогијата на Грција, како на пример формулацијата „разликата” и сл. направи на крај исклучително голема штета по државните интереси, суверенитетот и националната безбедност.

Кога во 1993 година во ОН  македонската политичка елита без елементарно познавање на меѓународните односи  го дозволи преседанот со нелегалната рефернца, а всушност ДЕНОМИНАЦИЈАТА, немаше познавањето на дополнителните услови кои не се дозволени за поставување или за гласање во ООН.

Потоа, во 1995. година од СДСМ влада беше склучена и Времената Спогодба, со што повторно е демострирано елементарното неразбирање на меѓународното право. Исто така, власта во Македонија дозволи и промена на знамето.

Денес како подарок ја прифативме и новата стапица на Грција без сестрана анализа на последиците од ваков бесмислен и беспредметен договор.

За крај да го прокоментирам  односот на СДСМ кон мојата идеја за воспотавувањето на уставното име во ООН.

СДСМ води еден вид контра-кампања  против идеја за воспотавувањето на уставното име во ООН, во која се обидува да докаже дека идејата на Игор Јанев “не функционира” бидејќи, според нив, имаме две резолуции на СБ на ООН, имено рез. СБ 817 и рез. СБ 845, со која  демек сме “блокирани во ОН”, и затоа “мораме да постигнеме неизбежен компромис”.

За СДСМ, Спогодбата за името и идентитетот “мора да има”! Според СДСМ ова е „нужно зло”! “Нема друг излез”!

Ова теза на СДСМ не заслужува одговор и дискусија, посебно не по скорешниот случај со Ерусалим во ООН кога и по ВЕТОТО на САД во Советот на безбедност беше донесена резолуцијата на Генералното собрание на ООН, која беше спротивна на рез. на СБ.

Но и пред овој случај, постојат и друго преседани, како рез. Обединети за мир” 1950, а и пред оваа ситуацијата од 1948. со предтходната блокада во СБ на ОН 1947 (случајот Португал и др. со дополнителните услови), кога покрај опструкции во СБ на ООН
Генералното собрание на ООН побара Советодавно мислење од судот во Хаг, па потоа спорните држави биле примени во членството на ООН.

Втората “доктринарна” теза на СДСМ е дека проблемот е “политички” и дека рез. 817. е “претпазливо формулирана” од експертите на ООН!??.

По Советодавното мислење на Судот во Хаг од 1948, ваквите глупости не заслужуваат одговор.

За жал со флоскули и манипулации од овој вид, со цел да се искаже лага дека ништо “друго” не можеме да направиме,  активно се манипулира и овие ставови на СДСМ ги издигна на ниво на партиска доктрина.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top